ПЕТОК ОД ПЕДЕСЕТНИЦА
ВЕЧЕРНА

Стихири на Господи, повикав, на покојните, глас 8:

Верни, правејќи денес помен на сите умрени од века, по име,

да Го воспееме нашиот Господ и Спасител, барајќи прилежно за нив да дадат добар одговор во часот на судот,

на самиот Тој наш Бог, кој ѝ суди на сета земја, и да добијат да бидат од Неговата десна страна во радоста, со праведните и светите, во наследството на Светлината, и да бидат достојни за Неговото Царство небесно.

Спасителу, Кој со Твојата крв ги искупи луѓето, и со Твојата смрт нѐ избави од горчливата смрт, и со Твоето Воскресение ни даваш живот вечен,

упокој ги, Господи, сите кои починале благочестиво, или во пустините, или во градовите, или во море, или на земја, или во секое место: цареви и свештеници, архиереи, монаси, искушеници, од секоја возраст и род, и удостој ги за Твоето Царство небесно.

Со Твоето Воскресение од мртвите, Христе, смртта повеќе не владее со оние што умреле благочесно.

Затоа се молиме прилежно:

слугите Твои упокој ги во Твоите дворови и во прегратките на Авраама, Од Адама до овој ден, кои Ти послужиле чисто:

татковци и браќа наши, пријателите и роднините, секој човек кој во животот послужил верно и дошол при Тебе на овој или оној начин, и удостој ги за Твоето Царство небесно.

Слава, глас 8:

Плачам и редам кога мислам на смртта, и кога ја гледам во гробовите по образот Божји создадената наша убавина,

без облик и без слава, која лик нема.

О чудо!

Каква е оваа тајна за нас?

Како се предадовме на распаѓање?

Како се приврзавме за смртта?

Навистина, како што вели Светото Писмо, ова е по заповед на Бога, Кој им дава покој на починатите.

Тропар, глас 8:

Господи, Кој со длабока мудрост човекољубиво управуваш сѐ, и на сите им даваш сѐ што е полезно, единствен Создателу, душите на Твоите слуги упокој ги, зашто сета надеж ја положија на Тебе – Творецот и Создател и наш Бог.

Претходна статијаДедо Наум – ПЕДЕСЕТНИЦА!
Следна статијаПовеќе стотици верници го пречекаа Патријархот Порфириј (Калишта – Струга)