Многу актуелна тема за – Светото Писмо од ранпхристијанските отци: Авва Амон му беше близок другар на Св. Антониј Велики.
Живееше во вториот – третиот век по Христа.:
ПОУКИ
Авва Амон
Слово на авва Амон за оние кои сакаат да безмолвуваат
1. Љубовта спрема истражувањето (на Светото) Писмо од пуста љубопитност породува кавга и спор, а плачот заради (своите) гревови, носи мир.
За монахот кој што седи во својата ќелија, такво празно истражување на Писмото претставува грев, особено кога тоа е пропратено со негрижа за сопствените грешки.
Зашто еден со сето срце се посветува на разбирањето на случувањето од Писмото и се запрашува: дали е така или поинаку?
Па така, бидејќи се ‘уште не се пронашол самиот себе, паѓа во тешко и долготрајно ропство, зашто срцето му е суетно.
Другиот пак, се обидува да не западне во такво ропство и повеке сака ничкум да се фрли пред Бога .
Едниот го занимаваат приликите околу Бога – и паѓа во богохулие.
Другиот се стреми кон тоа да го почитува Бога, засакувајќи ја чистотата во стравот Божји; тој ги чува заповедите Божји сметајќи ги за задолжителни за себе и се здобива со видување на Бога.
Затоа, немој да ги бараш височините, туку моли се на Господа Он да дојде кај тебе, да ти помогне и да те спаси од грвовите.
Зашто даровите Божји доаѓаат сами по себе, кога местото за нив е чисто и заштитено.
2. Кој се потпира само на себе и само својата волја ја следи , тој не може да го изгуби во себе си духот кој што во срцето донесува жалост .
И кој ги проучува Писмата раководејќи се само врз сопствените сфаќања , па вели:
„Ова е – (само) така“, тој не знае за својата вистинска слава и вистинското богатство свое.
Спротивно на тоа, оној кој читајќи го Писмото вели:
„Не знам, зашто сум само човек “ – тој го прославува Бога.
И таквиот, колку што е за него возможно , се стекнува со богатство Божјо.