Дома Беседи Митр. Наум – ВЕЛИКА САБОТА (Смрт, добредојде!) БеседиПразници Митр. Наум – ВЕЛИКА САБОТА (Смрт, добредојде!) 22/04/2022 55 0 ВЕЛИКА САБОТА (Смрт, добредојде!) Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде. И ти самата, смрт. И сега не си само смрт, туку, во Него, истовремено си и Воскресение. Пред Него, само страшна чуварка од поголем пад. Пред Него – труд, мака, пуста надеж, бескрајно исчекување. Дури и животот и радоста не ни беа светли, под сенката на неизвесноста. Како маката да немаше крај, а само доброто и убавото. Очај на бесмислата и бесцелноста. Но, во Неговиот Домострој сѐ се осмисли, па и самата ти. Затоа, добредојде. Сега, Он е со нас, засекогаш. Не како кога бевме отуѓени, туку како Негови. Како што вели апостолот: „И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20). Токму преку Крстот и преку Неговата Смрт и Воскресение, докрај посвоени. Вистински деца Божји. Со Духот, Кој во срцето повикува: „Ава, Оче!“ (Рим. 8, 15). И повторно, добредојде. Ти, смрт, не ни требаш само на крајот, како премин, како покој, како мир во Него. Не, ти сега и овде си ни најпотребна, како постојано сеќавање на тебе. Слаби сме, паѓаме. Ти најмногу ни помагаш да се отрезниме и да се освестиме. Од гревот. Од опиеноста со овој свет. Големо добредојде. Но, да бидам искрен, можеш и веднаш да дојдеш. Колку за толку, доволно Го љубиме Господ. Постојано нѐ ранува одвоеноста од нашиот Христос, а длабоката поврзаност со овој свет. А, да ти кажам, смрт, душата тоа тешко го поднесува! Знаеш и самата колкупати сме посакале да си веќе била дојдена. Главно, добредојде. Го спомнав светот. Не мислев толку на надворешниот колку на нашиот, внатрешен. Светот е преубав. Говорам за поврзаноста на нашите страсти со световното. За похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, коишто кон пад нѐ влечат. Од кои докрај нема да се ослободиме. Колку добредојде. Види сега, смрт, вака – сепак, да бидеме на јасно. Немој сѐ уште да глумиш страшна, барем не нам. Па ние во тебе, односно во Христовата смрт и Воскресение се крстивме и преродивме. Па ти си почеток на нашиот живот, на нашиот вечен живот. Ние ништо без тебе не правиме. Ама ти не знаеш колку добредојде. Не знаеш ли дека ти си суштински дел на нашата молитва? Па ние без тебе не би можеле ни да се молиме. Како умот би го исцелиле? Како со Господ би се соединиле? Нема молитва без смрт за овој свет. Благодатта на молитвата само со тебе во друштво доаѓа. Неразделна е од тебе. Да, смрт, добредојде. Не само што си неразделив дел, ти си и желба на нашата молитва. Колкупати ли само го понудивме нашиот живот, повикувајќи те тебе, во замена за животот на нашиот ближен. Ти не ни знаеш колку нѐ правиш слични на нашиот возљубен Господ, Богочовекот Исус Христос. О, смрт, добредојде. Да, ти си утврдување и на нашиот монашки живот. Колку за време на овоземниот подвиг, толку повеќе во Царството Небесно. Голема си утеха навистина, од која страна и да те разгледаме. Дури и манастирите без тебе не ни личат. Смрт, добредојде. И, види, веќе многу добро научивме дека христијански може само да умреме, но не и да живееме. Толку е совршен нашиот Господ Богочовекот Христос. Затоа, дозволи ни на крајот, заедно со апостолот Павле, на твоја сметка и да се пошегуваме: „Смрт, каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата?“ Христос Воскресе! ПОВРЗАНИ ВЕСТИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ Празници Христов мирис пред Бог! Жените мироносици! – Преподобен Јустин Ќелиски Празници Петок од Светла седмица Синаксар на живоносниот извор на Пресвета Владичица Богородица. Беседи Велики петок – Mитрополит Наум Беседи Дедо Наум – ВЕЛИК ЧЕТВРТОК Беседи Митрополит Наум ВЕЛИК ЧЕТВРТОК Празници ЗА СВЕТАТА МАЧЕНИЧКА МАТРОНА! Празници Дедо Наум – За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица! Беседи Митрополит Наум – Лазарова сабота (…и мене ме сака и плаче за мене?) Празници ВЕЛИКА САБОТА – Попусто го чуваш гробот, стражо…. Празници Што означуват празникот `Преполовение на Педесетница`? Празници Што прославуваме на светлиот празник – ЦВЕТНИЦИ?! Празници Собор на Светиот Архангел Гавриил Continue to the category НОВ ЗАВЕТ Покајание - 13/03/2022 0 ОД УМОТ ДО СРЦЕТО Мирјана Даниловска – Мина (автобиографска исповед... Покајание - 22/07/2018 0 АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС! (Исусе, Сине... Покајание - 06/07/2018 0 АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА – „БРЗОПОСЛУШНИЧКА“ Покајание - 07/04/2021 0 Покајание Петта недела по Пасха – на Самрјанката Покајание - 05/05/2022 0 Шестта недела по Пасха – на слепиот Покајание - 02/05/2022 0 НЕДЕЛАТА – ДЕНОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ ! (Осми ден…) Покајание - 14/04/2022 0