Светиот Архангел Гавриил

Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји.

Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји.

Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19).

Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог.

Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж – Бог, крепок, силен Бог.

Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие.

Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога.

Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.

Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На овој број некои им го додаваат и Еремиил.

Секој од нив има посебна служба, а сите тие се рамночесни.

Зошто Бог не го испрати Михаил?

Зашто неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера.

А службата на Гавриил е благовестење за човековото спасение.

СОБОР НА СВЕТИОТ АРХАНГЕЛ ГАВРИИЛ

УТРЕНА

Тропар, глас 4.

Водачу на небеските војски, ние недостојните секогаш те молиме, со твоите молитви да нè оградиш под кровот на крлјата на твојата слава бестелесна, пазејќи нè нас, кои грижливо ти се приклонуваме и викаме: Од неволи избави нè, како началник на вишните сили.

Канон, творба Јосифова, чиј акростих е: Го славам Гавриила како сечесен. Глас 4.

Кондак глас 2:

На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гавриле, на Божјата слава служителу, и на светот божествен бранителу, спасувај ги оние што ти викаат: Самиот ти биди ни помошник, и никој ништо не ни може.

Кондак, глас 2.

Архистратигу Божји, служителу на божествената слава, на ангелите началнику, и на луѓето наставнику, полезното за нас испроси го, и милост голема, како војвода на бестелесните (сили).

Икос: Во Твоите (Свети) писанија, Човекољупче, си рекол дека радоста на мноштво ангели на небесата е голема, кога еден (човек) се кае, Бесмртни. Затоа ние, кои сме во беззаконија, секогаш се осмелуваме да Те молиме Тебе, единствен непогрешлив срцепознавчу, како милосрден, да нè помилуваш и да ни испратиш умиление нам – недостојните, давајќи ни прошка, бидејќи за сите нас се моли началникот на бестелесните (сили).

Песна 9.

Ирмос: Секој роден на земјата, со Духот просветлен, нека се радува; нека торжествува природата на бесплотните умови, која го почитува свештеното торжество на Божјата Мајка, и нека пее: Радувај се, Богородице себлажена, секогаш чиста Дево.

Свети Гаврииле Архистратиже, ти стоиш пред престолот на благодатта служејќи, надумно озаруван од Светлината и свештено обожуван, и виден како светлина, и кој ги просветлуваш оние што те почитуваат со вера.

Ти сјаеш како небо украсено со ѕвезди, со божествени светлости и, како војвода, држиш пресветол скиптар и ја обиколуваш сета земја, исполнувајќи ја постојано волјата на Господа, и од злото ослободувајќи ги верните.

Смири ја опасната варварска бура, која постојано се крева против твоите слуги; запри ги црковните раздори; на оние што те воспеваат, дај им избавување од гревовите, а на народот дај му победа со твоето топло застапништво, Гаврииле.

Предобра и преславна двојко – Михаиле и Гаврииле, стоејќи пред престолот на Божјата слава, барајте за сите прошка на гревовите и остранување на злото, како заштитници кои ја подражавате во сè благоста на Господа.

Богородичен: Богородице Пречиста, со твоето раѓање огреа светлината на благодатта, и просветли сè што е под сонцето, и го погуби кнезот на темнината; похвало на ангелите и спасение на сите луѓе, чиишто гласови те слават непрестајно.

Светилен.

Војводо Божји, откако застанав под кровот на твоите крилја, огради ме мене, кој ти приоѓам тебе и, на умирање, избави ме од лутите мачители, и спаси ме со твоите молитви.

Богородичен: Бог ни те даде тебе, Чиста, за прибежиште и сила, и помошво нашите опасности и маки. Затоа сите нс избави нè од нашите неволи.

Претходна статија„Зошто тебе да те гонат, кога ти самиот себеси се гониш?”
Следна статијаВтора Недела на Воскресение – Томова