Заради исполнување на евангелските заповеди, жртвувај се.

Без такво жртвување нема да можеш да ги исполнуваш.

Господ им рекол на Своите ученици:

„Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе” (Мат. 16, 24).

• Само што ќе почне да ги извршува заповедите, подвижникот увидува дека тоа го прави сосема недоволно и нечисто, и дека co своите страсти, т.е. co повредената волја, секој миг е привлекуван на дела кои co заповедите се забранети.

Потоа јасно гледа дека паднатата природа е непријателски расположена кон Евангелието.

Дејствувањето според Евангелието сѐ појасно и појасно му ја открива недоволноста на неговите добри дела, многу отстапувања и порази, како и несреќната состојба на паднатата природа кoja ce отуѓила од Бога и станала непријателски ориентирана кон Hero.

Набљудувајќи го својот поминат живот, тој гледа дека тоа е непрекинат синџир на прегрешенија, падови и дела кои го разгневуваат Бог, па co искрено срце признава за себе дека е најголемиот грешник, кој заслужува и минливи и вечни казни, и кому крајно му е неопходен Искупителот, бидејќи во него има природна надеж на спасение.

Таквото мислење за себе кај него, на незабележителен начин се образува при извршувањето на заповедите.

Co сигурност може да се тврди дека оној, кој во животот се раководи според Евангелието,нема да се мисли да покаже доказ дека не знае ниту за едно свое добро дело.

• Страданието и смртта заради евангелските заповеди, исто така се дело на живата вера во Христа, и се мачеништво.

• Исполнувањето на заповедите, или поправилно, трудот околу исполнувањето на заповедите, нужно ќе го разобличи гревот кој живее во нас и ќе почне жестока внатрешна борба, во која духовите на злобата земаат најактивно учество.

 

• Враќањето од состојбата којa и припаѓа на паднатата природа во состојбата која и припаѓа на обновената природа, се случува по пат на одлучно и целосно отфрлање на дејствувањето според разумот и волјата на паднатиот човек, како и co одлучно и целосно прифаќање на дејствувањето според учењето на Богочовекот.

При тоа во човекот започнува духовна борба, бидејќи co животот кој му претходел на покајанието, човекот свесно се лишил од духовната слобода и се предал на ропство на гревот и на ѓаволот.

Покајникот се труди да постапува според евангелските заповеди, а гревот и ѓаволот, добивајќи ја власта која доброволно им била дадена од претходниот живот, се трудат заробеникот да го задржат во ропство, во пранги, во темнина!

Искуственото познание на тоа ропство, преку чувство на присила, искуственото познание на душевната смрт преку чувството на умирање, го засилуваат и го утврдуваат плачот на покајникот.

„Таа борба е духовна – вели преподобен Марко Подвижник – таа не се води однадвор, ние не треба да се бориме против нашите браќа.

Таа е внатре во нас и никој од луѓето не може да ни помогне во неа. Имаме само еден помошник:

Христос, Кој co крштавањето таинствено е скриен во нас, Hero, непобедивиот и неуништливиот. Он ќе ни дава сила, ако според својата моќ ги исполнуваме неговите заповеди”.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Инатиј Брјанчанинов