Свадбена облека (25.09.2021 15:59)
Како што знаеме од Писмото, тоа се старозаветните свештеници, книжниците и фарисеите што Го предаваат Господ Исус Христос на смрт, но и некои од новозаветните – кои Го убиваат Христос во душите на луѓето, плашеjќи се за својата човечка слава, која со Неговото присуство бива крајно засенета („Ете, цел народ тргна по Него…“).
За монасите и свештенството свадбена облека е нешто повеќе од тоа. За нив, тоа е дарот на умно-срдечната молитва и просветленоста на умот; за нив, тоа е и внатрешно духовно покритие за чиновите што ги носат.