Дали ќе има воскресение на мртвите?

• Навистина, старче, никогаш не сум слушнал толку мудри поуки и објаснувања – му рече co восхитување офицерот.

– Би сакал на крај да те запрашам уште нешто, но се плашам да не те изморам…

– Нe, дете мое, не ми претставува тоа напор! Прашај ме што сакаш.

– Слушнав двајца како разговараат за воскресението на мртвите.

Едниот рече дека ќе ги воскресне сите мртви од сите векови и секој ќе прими награда според делата свои.

А другиот го тврдеше спротивното и тоа многу убедливо.

Како сведоштво за тоа наведе и пророчки извадок од Светото Писмо:

‘Мртвите нема да оживеат, нивните сенки нема да станат’.

На крајот го наведе и својот соговорник да го промени мислењето… Оттогаш се разниша и мојата вера во воскресението на мртвите.

Затоа те молам да ми кажеш нешто, слуго Божји за тоа прашање, за да ја утврдам мојата душа Koja ce мачи и смутува co помисли и маловерие.

– Добро, зар ти веднаш веруваш во сѐ што ќе слушнеш? – строго го праша преподобниот.

– Да го отвореше Писмото ќе видеше дека пророкот малку подолу вели:

’Твоите мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат’… Веруваш ли во тоа?

– Верувам, старче, во сѐ што ќе ми кажеш, бидејќи денес се уверив дека си пророк и ги познаваш длабочините на човечките срца.

– Таков си, значи? Еден збор те собори, друг повторно те подигна? He e тоа добро! – го укори преподобниот.

 

– Ете, оче, бидејќи не го познавам подробно Светото

Писмо, верувам во сѐ што ќе слушнам – се оправда тој.

– Затоа објасни ми, слуго Божји, како еднаш пророкот вели:

‘Мртвите нема да видат живот’ – а другпат:

‘Ќе воскреснат мртвите? Тоа повторно ме доведе во недоумица.

– Нема никаков сомнеж, дете мое, дека мртвите ќе воскреснат.

Да, ќе воскреснат мртвите и ќе станат од гробовите, но ќе се зарадуваат и оние на земјата, бидејќи после воскресението праведните ќе се зарадуваат во вековите.

Од друга страна, кога вели дека мртвите нема да видат живот, тој мисли на мртвите души,

оние што се поклонуваат на карпите и дрвјата, оние што им служат на своите страсти, оние што потонале во грев.

Таквите, секако, нема да видат живот – а животот е Христос.

Каков живот, навистина, да видат нечесните што нема да воскреснат за Царството Господово, туку за вечно мачење?

Значи, дете мое, имај непоколеблива вера во тоа дека на крајот на вековите ќе има воскресение на мртвите.

Тешко на човекот што не верува во тоа…

– Ho како,оче, ова тело кое ќе се претвори во прав повторно ќе може да стане цело?

– Гледам дека многу ги сакаш разговорите – рече преподобниот насмевнувајќи се.

– Нека ти биде, ќе ти го одговорам и тоа.

Замисли си една лоза, богата co нежни фиданки, зелени листови, сочно грозје.

Колку е само убава!

Ho кога ќе ја соберат, останува само лисјето.

Малку no малку таа и лисјето ќе го отфрли, и што ќе видиш?

Голотија од која сѐ паднало на земјата и изгнило. Тоа сета зима стои суво и изгледа како мртво…

Но кога ќе му дојде времето, што се случува? Го режат и сосема сувите лозници даваат нови фиданки и лисја, и одеднаш повторно чудесно се украсуваат во својата зелена, нежна облека.

Нема да помине многу, кога ќе потераат и гроздови. Така, некаде во јули таа повторно ја облекува својата животност, свежина и истата убавина…

Значи, од неа падна лисјето и таа изгни.

Ho еве, повторно израсна! И плодот се собра.

Но ете го на лозницата цело и следната година! Кажи ми ти сега кој го прави тоа и co која сила?

Објасни ми како од сувата прачка излегува сочен грозд?

И колку грозјето е слатко, додека стеблото и листовите се суви?

Како сето тоа се случува? Co чија грижа и промисла?

Размисли за тоа и увери се дека Оној Кој го облекува лозјето во толкава убавина, Оној Кој му дава на мртвото дрво нов живот, богато лисје и росни плодови, е истиот Оној Кој ќе ги воскресне, кога ќе дојде часот, и телата на мртвите, недопрени и живи – силниот Господар на животот и смртта!

Во тоа верувај непоколебливо, сине мој, но верувај и во сите боговдахновени учења на Светите Апостоли. Така ќе стекнеш Царство Небесно.

Посетителот, засилен co вера, падна пред неговите нозе, зборувајќи:

– Верувам, оче, во сѐ што ми рече, бидејќи устата твоја зборува Божја вистина.

Те молам секогаш да се сеќаваш на мене во своите свети молитви, за и јас да можам да направам некое добро, од она што бара од нас нашиот Господ Исус Христос.

А, ако направиме подвиг за својата душа, но не правиме ништо – кој колку може за да се спаси нашиот брат, повторно сме виновни, бидејќи не сме го употребиле талантот на благодатта…

Оди, дете мое, co среќа. Да се молиме – ти за мене, јас за тебе.

Можеби човекољубието Божјо ќе даде на двајцата да ни се простат гревовите. Бидејќи често и една мала молитва е доволна за добриот и милостив Господ да го спаси созданието Свое од секакво зло.

Тоа јасно го гледаме во житијата на светиите.

Co тие зборови светителот го благослови својот посетител и го испрати co љубов.

Преземено од книгата “Свети Нифонт – подвижник меѓу епископите”

Претходна статијаДедо Наум – ЛАЖНИТЕ ЛОЗАРИ!
Следна статијаПливав во блаженство! – Преподобен Серафим Саровски