„Ако ја примиме благодатта
,тогаш се` е лесно, радосно и се` е Божји благослов.

Божјата благодат постојано чука на вратата од нашата душа и чека да отвориме, за да влезе во нашето жедно срце и да го исполни.

Полнотата е Хростос, нашата Богородица, Света Троица. Колку убави работи!

Ако љубиш, тогаш живееш во Омонија, а не знаеш дека се наоѓаш во Омонија. Ниту автомобили гледаш, ниту луѓе гледаш, ниту ништо.

Ти си внатре во себе со личноста која ја љубиш.

Живееш со неа, уживаш со неа и тоа ти дава вдахновение.

Зарем ова не е вистинито?

Замислете таа личност која ја љубите да е Христос?

Христос во твојот ум,

Христос во твоето срце,

Христос во целото твое битие, Христос насекаде.

Христос е животот, изворот на животот, изворот на радоста,
изворот на вистинската светлина.

Христос е се`.
Оној кој Го љуби Христос и другите луѓе, тој го живее животот“.

Животот без Христос е смрт, пекол, тоа не е живот.
Пеколот е немање љубов.

Животот е Христос.

Љубовта е Христовиот живот.

Или ќе бидеш во живот или во смрт. Од тебе зависи што ќе одбереш.“

Извадок од книгата „Живото и словата на“, Скопска православна епархија 2015, поглавје „За Божјата љубов“, стр. 167
Превод од грчки : јеромонах Атанасиј Арсоски

Претходна статијаГосподе, помогни ми, тонам! – Архимандрит Рафаил (Карелин)
Следна статијаMитрополит Наум – Скриена демонизираност…