Исусовата молитва – Разговор со старецот Никодим
….

Во ,,Добротољубието” има една убава изрека:

Бог нас секогаш не гледа, а човекот гледа само тогаш, кога не гледа ништо освен Господ.

Тогаш тој може и да Го слуша Него. Тоа е мала фраза на Илија Индикт од ,,Добротољубието”.

– Треба да биде јасно како треба да се претстои пред Господ во време на молитвата, за да не дојде до забуни.

– Треба да се гледа Господ, да се гледа со вера, а Господа гледаш и веруваш дека Господ тебе те гледа.

Со духот моли се, со духот! Бог бара такви поклоници, кои се поклонуваат во духот.

Бог е Дух, треба а Му се поклонуваме во духот, и луѓето ќе Му се поклонуваат во духот.

И ние во својот дух Му се молиме на Бога-Духот. Нашиот дух се соединува со Бога. Кога со вера се обраќаме кон Духот Бог, тогаш Господ нe гледа духот човечки се соединува со Духот Господов во

време на молитвата.

– Како да се направи ова?

– Со вера. А најдобро е молитвата да се соедини со дишењето.

Тоа е многу добро. Кога вдишуваш, ја привлекуваш благодатта Божја во себе. Кога издишуваш, се храниш со благодатта Божја, ја вкусуваш благодатта Божја. Сето тоа со вера се совршува…

 

– Што се случува кога издишуваш?…

– Кога издишуваш, вкусуваш благодат. Просиш милост Божја…

,,Господи Исусе Христе” – така ја привлекуваш благодатта, а кога издишуваш „помилујме“ – веќе кон тебе доаѓа милост, веќе ја вкусуваш, милост Божја вкусуваш. Сето тоа со вера се прави.

 

Апостол Павле кажал дека ,,со срцето веруваме, а со устата исповедаме”.

Господ е, вели, блиску до тебе: во твоето срце, и во устата твоја.

Кога изговараме:

,,Господи Исусе Христе,” во тоа име е Самиот Господ, како што кажува Апостол Павле. Се се содржи во верата и во вниманието.

– Тоа треба ли само да се роди, со труд, со работа, со молитва?

– Вежбај се во тоа. И така секогаш кога се молиш,

постојано обраќај се кон Господ. Духот твој треба да се обраќа кон Господ. И да го чувствува Господ.

Тогаш ќе добиеш одек, одговор. Милоста те посетува. Сето тоа се

совршува со вера, со вера и принудување. Ете тоа е делото!

,,Господи Исусе Христе, помилуј ме!” Тоа е многу

добра молитва.

Од едно произнесување на таа молитва веќе чувствуваш вкусување на милост Божја. А понатаму уште повеќе. Ако ја произнесуваш со внимание

.  И во време на молитва, ако ја поминеш цела бројаница…тогаш ќе дојдат солзи… ќе пријде умиление… ќе сепојави топлина во срцето.

– Само, тешко е тоа – со внимание.

– Внимание. Труди се да го задржиш вниманието на зборовите на молитвата. Тогаш ни помислите нема каде да влезат, бидејќи вниманието е зафатено со зборовите на молитвата.

– Се случува молитвата да тече, а помислите да одат паралелно со неа.

– Тие не може да влезат. За нив нема место.

Само што си кажал:

,,Господи”, веднаш по тоа следува: „Исусе”… и таа нема каде да влезе.

– Тие сепак одат по ред (една по друга)!

 

– Молитвата ги убива. Името Исусово ги убива. Не можат тие ништо. Само што ќе се појави предлогот – и името Господово го убива.

 

– Свеста некако лесно се оддалечува од молитвата. Остануваат зборовите, но внатре во тие зборови има други мисли.

 

Со срцето биди свесен што произнесуваш. Не само со умот слушам и разбирам дека произнесувам зборови.

Не! Со свеста. Свеста кај нас се наоѓа во срцето. Тоа е чувство на срцето. Кога произнесуваш зборови,тоа осознавај го (освестувај го), за да ги почувствуваш…

Треба, треба да се вежба. Преку ден, во мешаница тоа е

невозможно. А еве преку ноќ, или во некое друго одредено

време, треба со ова да се занимаваме половина час. И со поклони. На секоја молитва направи поклон.

 

Може да се молиме и вака: на секое топче по еден збор. За секој збор по едно топче. Тоа за вниманието е многу полезно.

По половина час – една ноќ, друга ноќ, трета…

И малку по малку ќе се научиш на внимание.

– А на кој начин е возможно да се занимаваш со ова

во мешаница?

– Во мешаница е невозможно. Потребно е само смирение:

по-ми-луј ме, Господи.

 

– Дали е возможно да се подготвуваме за оваа вечерна молитва?

– Вечерната молитва тебе ќе те подготви, така и преку ден со вниманието ќе го одбиваш сето ова. Ноќната молитва тебе те подготвува за дневната. Тогаш и преку ден ќе ги одбиваш разните разговори или средби.

Со тоа треба секогаш да се бориме. Долу (во светот) вам тоа ви е тешко… Смирение, свест и покајание.

И непрестајно:

,,Прости, Господи, што живеејќи во светот, и носејќи тело, од ѓаволот сме опрелестени…” И што и да правиш, кон милоста Божја обраќај се со смирение. Проси од Господа простување.

Што и да правиш: – ,,…немоќен сум”.- За оние што живеат во светот најтешко е да го очистат умот, бидејќи се занимаваат со секакви мисли.

Најтешко од се е некако да се смириме, да се сосредоточиме пред молитва...

– Тоа е возможно само ноќе. Ноќта се завршува некаде после 12 часот.

Денот е подолг. Во светот во 11 часот се уште разговараат по телефон, а легнуваат во 12.

Така ноќта им поминува во телефонски разговори…

Па и кај вас веројатно е како во светот…

Кај нас е вака: кога ќе зајде сонцето, почнува ноќта. Тогаш ние се затвораме и тогаш се молиш! Кога ќе се замориш – здивнуваш и си прилегнуваш. Ако се расониш – повторно на молитва.

Тука никој не пречи.

– Но, ѓаволот може да пречи.

– Многу пречи. Сопнува, не дава дури ни да се изговара Исусовата молитва. Јас сакам непрестајно со умот да ја изговарам Исусовата молитва, а тој ме сопнува…

Сака и да не ја изговориш.

– И што да се прави тогаш?

– Еве што. Почни да правиш поклони. Треба добро да се раздвижиш. А тебе те напаѓа: „легни и спиј…” Исамо што ќе легнеш – кошмари. Така тој ти испраќа кошмари, за кога ќе се расониш, да не можеш да се собереш:

дали тоа било најаве или во сон? Често, скоро секоја ноќ

го сонував покојниот Серафим.

 

– Еден човек ме молеше да прашам што да се прави кога вниманието е насочено на Господ, а заедно во исто време се појавуваат и хулни помисли.

– Хулни помисли? Нив ги испраќа ѓаволот. Тие

помисли убивај ги со Исусовата молитва.

– Но тој кажува дека тие помисли му се појавуваат токму во време на Исусовата молитва. Што тогаш да се прави?

– Обраќај се кон Самиот Господ. Гледај на Господ. Таа хула на Бога е од ѓаволот. А ти плукни на ѓаволот. Не им верувај на тие помисли. Тој во нашиот ум така ги преобразува што нам ни се присторува дека потекнуваат од нас. Тој зборува преку нашиот ум, преку нашите помисли. Не обрнувај внимание на тие помисли.

– Но, човекот се ужаснува кога ќе види што се во неговиот ум е возможно.

– Не обрнувај внимание на тоа. Плукни. Речи си себеси:

,,Тоа не го говорам јас, туку ѓаволот кој говори преку мојот ум”.

 

– И понатаму да не се размислува за тоа?

– Не обрнувај внимание. Злиот дух се вовлекува во нашиот ум, па дури и со нашиот јазик говори.

– Но, човекот сепак себе се обвинува за тоа.

– Бог тоа не го прима, Господ не го зема тоа за вина. Човекот не греши со тие помисли. Тоа е ѓаволска помисла.

Затоа и кажи: ,,Тоа не е мое, тоа е твое”. Плукни на ѓаволот. Ако не му веруваш брзо ќе си отиде.

Плукни на него и речи: ,,Бегај од мене, ти забранувам со Исусовата молитва”.

Внимавај на Исусовата молитва, а на тие помисли не им верувај. Тој ќе те плаши: ,,Ете каков си! Ете како хулиш на Бога!” Твојот одговор мора да биде: ,,Не хулам јас, ти хулиш”. Прекрсти се и ништо повеќе. „Не грешам јас со ова. Тоа е твое. Јас на Бога никогаш не хулам”.

– Но ѓаволот продолжува да спори. Кажува дека хулата потекнува од гордоста која е во тебе.

– Јас се каам. Горд сум. Господи, прости ми – јас сум горделив. Исцели ме од гордоста. Се каам во својата гордост. Тоа е мојата гревовност.

Гордост. Униние. Суета. Осудување. Се каам заради тоа, Господи. Прости ми мене гордиот.

Ако почувствуваш гордост, веднаш говори: Господи, прости ми мене гордиот.

Се обраќам кон Господ. Само Тој може да ги исцели нашите страсти. Ние сами не можеме да ги исцелиме. Тој е лекар на душите и телата наши, Тој не лекува.

Сами не можеме да се избавиме од страстите. Тоа треба да го сфатиме и да се каеме. Доведувај се себеси до солзи, да заплачеш за тоа…

– Отец Никодим, во наше време многу се зборува со неверие. Луѓето страдаат од неверие. Кога јас зборувам сотаквите луѓе, чувствувам дека не сакајќи ме заразуваат со тој дух…

– Не треба. Владеј со себеси. Тоа е така бидејќи ѓаволот влијае на вас. Одгонувај го со Исусовата молитва. При разговор треба постојано да се молиме.

Прогонувај го тоа, победувај го со Исусовата молитва.

„Тие помисли остануваат со тебе, а јас не грешам со нив. Ти мене ме заплашуваш со тоа дека јас грешам. Јас не грешам, затоа што тие не се мои, тие се твои”. Така говори му на демонот.

– А се случува, кога разговараме со луѓето, особено после долги разговори во кои се бориш, и се трудиш да отстоиш во верата, потоа, кога ќе си заминеш од тој човек, доаѓа униние и продолжува спорот во умот…

– Тоа е демонско влијание. Моли се на Господ и проси да го изгони тоа од тебе. Заборави го тој разговор.

Сето тоа е ѓаволско…

 

– А како да се однесуваме кон човекот?

– Како кон брат. Тој е наш член.

– Колку е претешко…

– Наш член. Треба да се има љубов.

– Сакаш – не сакаш, тоа те угнетува.

– Што да правиш? Познавај ја својата немоќ и покајувај се пред Господ Бог – јас сум немоќен.

А Господ ја прима смирената молитва. Во тоа време, веднаш и покајание принесувај. Не тогаш кога ќе си одиш дома и сесетиш на покајанието, туку тука, веднаш покајувај се…

Претходна статијаПетта седмица по Педесетница ( Eвангелие)
Следна статијаКОГА ЉУБОВТА ЉУБИ ! Сведоштво на една душа на која Милоста и` се смилува!