Баќушка Јован вели:
„Сите чинодејства, сите свештенодејства и сите молитви на Литургијата бараат внимание,
очистена мисла, добар дух,
распламтен со вера и љубов: бидејќи целото свештенослужење е – Божја премудрост.
За толку кратко време и на толку мал простор се спомнуваат толку величествени случки кои се одиграни во различни времиња, на разни места!
Тука, секој момент мораш да внимаваш со поглед, слух, мисли, срце – на секој збор, дејство и чин; ништо да не ти избега, да не испуштиш нешто поради невнимание: за да се поучиш и изградиш.
Да, Литургијата бара мудрољубива душа, претходно очистена, неврзна со животните страсти и грижи, таа ја бара душата која е устремена кон вишното!
„Горе да ги имаме срцата“!
Зошто тогаш кога присуствуваш на оваа небесна Божествена Литургија размислуваш за споредното и небитното?
Зошто твојата душа ја интересира кој како се дотерал, како ја украсил главата, дали со злато се нагиздал; зошто тука се интересираш за житејските ствари?
Посвети ја на Бога во тоа време душата, украсена со целомудрие, кротост, смирение, милосрдие, бестрастие, мудрољубие!
Ете ми облека! Ете го твоето злато на Бога угодно!“
И Баќушка на Литургијата целосно се предавал на Бога: од првите моменти на службата, Јован стапувал во непосредно општење со другиот свет.
И тука веднаш, на почетокот, една посебна работа му свртувала внимание која ние обичните Христијани не ја забележуваме, поради тоа што на неа сме навикнале, или, пак, поради површноста на нашата молитва… „поради што нашите служби се во форма на дијалог (разговор)?
Тука се крие Божјата премудрост… „Кој чита, нека разбере!“ (Мат. 18,20).
Извадок ЛИТУРГИЈА извадок од НЕБО НА ЗЕМЈАТА (учење на Св. Јован Кронштатски – Митрополит Венијамин Седченков стр. 110)
Подготви М. Д.