Архимандрит Софроније ЗА МОЛИТВАТА (Манастир Хиландар)
Во Христос го добивме откровението за неминливата вредност на човекот.
Ние него го љубиме како својот сопствен живот.
На моменти успеваме да ја видиме непроценливата убавина на овој Образ на Севишниот Бог.
Посматрајќи го ова бесценето суштество во неговиот пад, срцето природно се ожалостува и бара начин за да ги спаси љубените, зашто Господ излил врз нас благослов за да го спознаеме Неговиот пат.
Словото на проповедта во Црквата често паѓа или покрај друмот, или во трњата, или на камени места, и душата во молитва се обраќа на Оној кој што го создал човекот.
Се уверуваме дека ниту Бог не сака да ја наруши слободата на самоопределување на луѓето.
Од напорот наш со молитвата да ги совладаме скаменетите срца на ближните кои ги љубиме, душата совршено реално чувствува како стои пред ѕидот на смрта.
Оваа состојба е слична на болката на мајката, која што во рацете го држи детето, плодот на својата утроба, пред умирање.
Чувството на безизлез, неибежната пропаст, го проголтува секое друго чувство, и душата на оној кој што се моли , „умира“, заедно со оние за кои што се молиме.
Христос со својата смрт ја порази смртта на Адам и неговите наследници. Во тоа се содржи и залогот на нашето воскресение.
Молитвата за светот е една од најмачните и најбезизлезните во таа смисла ,зашто нашиот дух никогаш во потполност не ја достига целта.
Молејќи се за себе самиот, во длабочината на своето срце, човекот може да почувствува излив на тивка љубов и мир.
Таквата состојба се задржува некое време.
Но при молитвата за светот, дури и при најтоплата и најдолготрајната, душата наскоро станува свесна како тешкиот облак на злобата продолжува да виси над земјата: премногу се луѓето кои што го засакаа мракот (омразата) „отколку светлоста на љубовта Божја„ (Јн.3,19).
И чудно е и болно: Светот во себе не го прифаќа Духот Божји, па молитвата се враќа кон молитвеникот, не само со чувство на неуспех, туку и со намножена тага.
Но, тоа е секако, неточно чувство.
Да, не се случила бараната промена во духовната атмосфера на вселената,
но кога не би постоеле такви молитвеници, тогаш „власта на мракот “(Лк.22,53) би се проширила со уште поголема динамика.
Оние кои што сеуште го немале опишаното искуство, сепак ќе ме разберат, само ако се молеле за светот или за поедини драги луѓе.
Срцето, при таквата молитва, ако е доволно сериозна, те. вдахната од Бога, често и после краток период може да проникне во животот на оној или оние за кои , што се молело, така што стекнува знаења што со нив се случува.
Тоа е:
или радост и мир,
или вознемиреност и тага,
понекогаш и ужасен мрак на пеколот и на него слично зло.
Молитвеникот ја осеќа оваа состојба како своја, сопствена.
И тоа е своевидна аберација; во реалноста низ молитвата душата ја гледа, живее и се стопува, се спојува со оние за кои се молиме.
Ако притоа се случи промена на чувствата – од мачно кон радосно или смирено – тоа е тогаш сигурен знак дека нашата молитва била услишана:
болниот ќе се оправи,
на очајникот ќе му биде дадена надеж,
неволјата која што пркоси ќе пројде, и на тоа слично.
Всушност, таквото животно општење со луѓето и дури и со светот, воопшто, својствено е на вистинската молитва.
Проникнувањето на тоа што се случува во светот може да оди до размери кои му одбегнуваат на секое одредување.
Животот на духот кој што се моли, може, а и должен е, да стекне космички димензии кои од нас ги бараат Христовите Евангелски заповеди.
Еден од случаите на брз одговор на молитва го наведувам во книгата – Старецот Силуан.
Самиот , блажен старец ми раскажа дека, откако го прочитал писмото на митрополитот, се обратил на Господа и веќе после првите зборови на молитвата почувствувал во срцето мир и радост.
Старецот веднаш одговорил дека „ќерката на жената за која се работи е жива и среќна“.
Понатаму, испитувањето ја потврдило точноста на старчевото чувство. Самата керка и рекла на една странкиња која што ја посетила:
„Кажете и на мајка ми дека мене ми е добро и дека сум среќна со мојот маж!“
…
Примајќи го Христа како Бог – Спасител, ние со духот ги пречекоруваме границите на времето и просторот; влегуваме во оној облик на суштествување на кој што не може да се примени поимот „трагедија“.
ќе продолжи…
Превод: Мина Даниловска