Пасха, Господова Пасха! Препод. Амвросиј Оптински

…Кога се совршува оваа свечена литија околу црквата, нејзините двери се затвораат. Верните, итајќи, ja гледаат светликата во неа, а на патот пред себе непроѕирен мрак, и така пристапуваат во предворјето на црквата кон затворените двери.

Нели co тоа се означува дека при сесветското воскресение сите воскреснати оддалеку ќе ja здогледаат Одајата на Небесната Слава, но нема сите да влезат во неа, туку само достојните, чиишто светила, како кај мудрите девственици, нема да изгаснат при средбата co Женикот – Христос?

Останатите, пак, кај коишто, како кај лудите девојки, светилата ќе бидат изгасени, залудно ќе го повторуваат почетокот на црковната песна:

‘Одајата Твоја ја гледам, Спасе мој, украсена, и одежда немам да влезам во неа’.

Bo предворјето на црквата, пред затворениот влез, првиот меѓу оние што служат го прави вообичаениот пасхален почеток co славословие кон Пресветата Троица и co тропарот ‘Христос воскресна’, co крстот во рацете ги отвора црковните двери и прв влегува во храмот, a по него влегуваат без разлика и сите останати христијани, пеејќи го радосниот тропар

‘Христос воскресна од мртвите, co смртта смртта ja победи и на оние во гробовите живот им подари’.

Повторувајќи го многупати, додаваат и други серадосни пеења:

‘Ден на Воскресението е!

Да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха! Оти од смрт кон живот, и од земјата кон Небото нѐ приведе Христос, нашиот Бог, нас кои победната песна ја пееме…

‘ Веќе не се слуша вообичаеното читање коешто побудува дух на скрушеност, туку непрестајно се слуша слаткопој што кај сите предизвикува радување. Служителите на олтарот непрестајно се појавуваат во блескави одежди, непрестајно го гледаме Крстот Христов и се поклонуваме пред знамението на нашето спасение, обвиткани во облачиња од свештен темјан.

Во рацете сите имаат запалени свеќи, на сите присутни на усните без престан им трепери:

‘Христос воскресна!’

Така се празнува Пасхата Христова на земјата и во тоа празнување учествуваат сите христијани, достојни и недостојни, бидејќи сегашниот живот е подложен на промени – неретко достојните стануваат недостојни и обратно, недостојните – достојни, што се виде на примерот на Јуда и на покајаниот разбојник.

Првиот беше во групата на Дванаесеттемина апостоли Христови, три години Го следеше Христа, непрестајно го слушаше Неговото учење, и имаше дар да истерува демони и да исцелува разни болести.

Ho, на крајот, избезумувајќи се од негрижа и од среброљубие, Го предаде Христа и без покајание загина за навек.

Оној другиот, пак, повеќе од триесет години беше во четата на закоравените злосторници, но вразумувајќи се на Крстот своеволно Го исповедаше Распнатиот Син Божји за Господ и за Цар, и прв влезе во Рајот.

Овие примери треба секогаш да ги имаме на ум, за да се воздржуваме од гревот на осудувањето, дури и кога ќе видиме дека некој греши и на самиот крај од животот негов, како што нѐ убедува Свети Јован Лествичник.

Ho, поинаков ќе биде поредокот на празнувањето на Небесната Пасха вечна после сеопштото Воскресение и Судот.

На тоа празнување ќе пристапат само достојните, избраните.

И кој еднаш ќе биде пуштен во Небесната Одаја на празнувањето на вечната Пасха, тој вечно ќе остане co оние коишто ја празнуваат co радосен глас.

А кој ќе се покаже недостоен за учество во тоа празнување, ќе си остане во вечна лишеност и вечно отуѓување.

Ho cera, заради серадосниот Празник, не е време да се говори за горчливата судбина на последните,.

Ќе речеме само едно: сите ние христијаните, додека сме живи, должни сме да бидеме внимателни и претпазливи во однос на своето спасение.

И оние меѓу нас коишто мислат дека стојат, нека внимаваат да не паднат, сеќавајки се секогаш на ужасниот пример на Јуда кој погина.

Немоќните, пак меѓу нас, и оние коишто паѓаат, нека се разбудат co надеж на исправување, гледајќи го утешителниот пример на благоразумниот разбојник, кој го наследи Рајот.

‘O Пасха велика и свештена, Христе!

О Премудрост и Слово Божјо, и сило!

Дај ни да се причестуваме co Тебе, во Невечерниот ден на Твоето Царство!’

Амин!

Претходна статијаХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!! “Земете го вашиот крст и следете Ме”! – Ст. Софрониј
Следна статијаДедо Наум – Недела на света Марија Египетска (И најголемиот грешник има можност да се покае…)