СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА
Од пеколот не го протераа Христос, а луѓето денес Го протераа од земјата, го протераа од телото, од душата, од својот град …
Денес човекот Го отценува Бога, Го проценува со триесет сребреници. Христос – за триесет сребреници!!!
Јуда долго бил со Оној, Кој немал каде глава да подсклони, со Оној, Кој и на дело и со зборови учел, дека не треба да се носи ниту сребро, ниту злато.
Денес е ден, кога луѓето се страшни за Бога, зашто Го мачат Бога како што никој никогаш не Го мачел;