36–та недела по Педесетница
Прво послание на светиот апостол Павле до Тимотеј
4:9-15
9. Тие зборови се верни и достојни за секакво примање,
10. затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните.
11. Ова препорачувај го и поучувај!
12. Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта,духот, верата и чистотата!
13. Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување!
14. Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од свештенството!
15. Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сe!
Свето евангелие според светиот апостол Лука
19:1-10
1. Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него.
2. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше богат,
3. сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок.
4. Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине.
5. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.”
6. И тој веднаш слезе и Го прими со радост.
7. И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа:
8. А Закхеј застана и Му рече на Господа: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.”
9. А Исус му рече: „Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов.
10. Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.”
…