„Живејте само достојно за Христовото Евангелие
(Филип. 1, 27).

Живот согласно Евангелието, свет живот, божествен живот – тоа претставува природен и нормален живот за христијаните.

Бидејќи христијаните, согласно својот повик, се свети.

Таа благовест и заповед е проникната низ целото Евангелие Христово.

Да се стане свет, и со душата и со телото, тоа е нашиот повик (види: 1. Сол. 5, 22-23).

Тоа не е чудо, туку норма, правило на верата, логика и природа на евангелската вера.

Јасна е и прејасна заповедта на Светото Евенгелие:

„По примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки“ (1 Петар 1, 15).

А тоа значи:

по примерот на Христос = Светиот, Кој, воплотувајќи се и станувајќи човек, го покажа во Себе совршено светиот живот, и како таков им наредува на луѓето:

„Бидете свети, бидејќи Јас сум свет“(1 Петар 1, 16). ..“

Преподобен Јустин Ќелиски

Претходна статијаПоради нив светот сѐ уште и постои! – Потсетник за Богојавление (Митрополит Наум)
Следна статија33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)