Преподобен Григориј Синаит

Наречен Синаит зашто беше замонашен на гората Синај.

Во времето на царот Андроник Палеолог, околу 1330 година, дојде на Света Гора да ги посети манастирите и да дознае нешто за умствената молитва и созерцанието.

Но овие духовни дејанија меѓу светогорците во она време беа безмалку непознати. Единствен кој знаеше за ова и до совршенство го практикуваше беше Свети Максим Капсокаливит.

Григориј го распростре своето учење за умствената молитва по келиите и манастирите на Света Гора.

Прочуен меѓу неговите ученици беше Калист, патријарх Цариградски, кој и го напиша неговото житие.

Потоа Григориј премина во Македонија и по други места на Балканот и основа обители во коишто монасите се вежбаа во Исусовата молитва со умот.

Така им помогна на многумина да се вдлабочат во молитвата и да се спасат. Неговите списи за умствената молитва и за подвижништвото се наоѓаат во Добротољубието.

Меѓу другото го напиша и припевот кон Пресвета Троица „Достоино ест“, кој се пее на воскресната полуношница.

Спаѓа меѓу најзначајните подвижници и духовни учители на Балканот.

Се упокои мирно.

Подготви: Светланка Трајчева

Претходна статијаИМЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ГИ ИЗГОНУВА СИТЕ ДУХОВИ (За ползата од Богородичната молитва)
Следна статијаПреподобен Григориј Синаит