ОСУДУВАЊЕ

Би требало да ни е потешко да ги осудуваме луѓето,
отколку да ги гледаме мирно, како што гледаме како ветерот ги ниша дрвјата, или како реката тече:
меѓутоа, очигледно е, дека на човекот му е тешко да гледа без осуда!

Што да се прави?

Треба постепено да се учиме на тоа, најпрвин себе да се осудиме заради тоа што ги осудуваме ближните,
потоа да се воздржуваме од осудата со зборови тогаш, кога мислата ќе се покрене на тоа, а потоа и самата мисла да ја запреме.

Оној, кој доволно се познава и се осудува себе си ,
тој нема време да ги осудува другите.

Оној, кој гледа со недоверба, тој лесно може да дојде до омраза кон човекот; оној кој сака да има љубов спрема ближниот, би требало да гледа чисто и едноставно.

 

Уште е полошо ако судите како злонамерен судија. Мислите дека луѓето говорат бесмислици, а тие говорат за она што на душата и е од полза и за тоа, како добро да се прави.

Кога ги осудуваме своите ближни, ние самите на себе си нанесуваме голема штета. Од ова треба да се чуваме и да се искупуваме така што
ќе се осудуваме и прекоруваме себе и кога ќе се молиме
Бог да биде милостив и кон оние кои ние сме ги осудиле , и кон нас, кои нив сме ги осудиле.

Трудете се срцата и намерите на ближните да ги толкувате позитивно, а не негативно; во тој случај, поретко ќе бидете во прилика да згрешите, а на вашиот ближен ќе му биде полесно да се поправи.

(Св. Василиј Велики)
Превод Mина  Даниловска

Претходна статијаПРОШТЕВАЈТЕ ЛУЃЕ!
Следна статијаВладика Струмички – Физичкиот прогон е бескрајно помал од „духовниот“ прогон и геноцид!