Свети Симеон Нов Богослов

„…Секој треба да размислува за ова деноноќно, бидејќи ако претпоставиме дека долго време разговарал со Бога само со јазикот, а со умот не следел што зборува, зар со тоа не се изгубила смислата?

Ако е така, очигледно е дека сѐ уште не станал верен, и сѐ уште не другарува со Бога. Затоа што верен се нарекува, и е, оној што ја има благодатта на Светиот Дух; оваа благодат го просветлува и собира умот,
го сосредоточува за да сфати со Кого разговара и за што разговара. Следствено, оној што не се моли така, тој ја нема благодатта, неверен е и живее далеку од Бога.

Значи, пред сѐ, потребно е да се стане верен, да се измоли од Него простување на сите претходни гревови, направени со збор, дело или мисла.

На таквите души Бог им порадува кроткост и смирение. Нив не ги напаѓаат демоните, како претходно, ни преку сластољубието, ни преку себрољубието, ниту преку славољубието.

Преку тие два дара Христовата душа здобива мир и помислите не ѝ можат ништо. Таквата душа се моли како што треба, со страв, стрвопочит и внимание, а не само со устата.

Ова е невозможно за човекот, без разлика дали е мирјанин, монах, анахорет, ѓакон, презвитер или архиереј, ако неговата душа не станала причесничка на Светиот Дух, според мерата на неговата вера во Исус Христос, бидејќи:

„Никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух“.

Претходна статијаДарот на Светиот Дух Господ! (Ама од каде да го знае тоа неукиот…)
Следна статијаИгнорирање на лажните пророци: ниту ги следиме, ниту ги слушаме…! Митрополит Наум