Колку мрзок бил за Господа тој бакнеж на предавникот!
Бакнеж – знакот на љубов – Јуда го претворил во знак на најгнасно вероломство.
Но, Господ не го свртел лицето од устите на Јуда, туку му рекол:
„Пријателе, зошто си дошол?“ (Мат.26,50).
Господ се` уште сакал да ја разбуди совеста во паднатиот ученик. Тој се нарекува негов пријател, односно вели:
„Уште не е доцна, ти уште можеш да се спасиш, ќе ти простам и повторно ќе те направам Свој пријател и апостол!“
Арх. Рафаил