Неприлики, тешкотии и ожалостеност од секој вид кои што се среќаваат однадвот и однатре,на патот на совесното исполнување на Господовите заповеди во живот во духот на Неговите наредби и барања.
Таквиот крст сраснува со христијанинот:
таму каде што е Христијанинот , таму е и тој крст, а каде што го нема тој крст – го нема ниту Христијанинот.
Олеснувањата од секој вид и живот во утеха не му прилега на вистинскиот Христијанин Зашто, неговата задача е да се очисти и поправи.
Тој е како болен на кој што треба да се врши час операција, час превивање.
Зареме е тоа возможно без болка?
Тој сака да се отргне од заробеноста од силниот непријател: зарем е тоа возможно без борби и рани?
Тој е должен да оди наспроти сите поредоци кои што го опкружуваат:
како тоа да се изврши без неприлики и тескоба?
Радувај се што го чувствуваш крстот на себе, зашто поседуваш знак дека одиш по Господа,
на патот на спасението, во рајот.
Претрпи малку. Зашто, брзо ќе биде крајот, а после него – венци!