КАКО САКАШ ТИ!
Христовиот човек претвора сè во молитва
Сите наши проблеми, материјални, телесни, секакви, да My ги полагаме на Бога. Како што велиме во Божествената литургија, „…и сиот наш живот на Христа Бога да My го предадеме”.
Господи, целиот наш живот Тебе Ти го препуштаме.
Како сакаш Ти!
„Нека биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата.”
Христовиот човек претвора сè во молитва. И тешкотијата и тагата ги претвора во молитва. Што и да му се случи, тој веднаш почнува: „Господи Исусе Христе…”
Молитвата е полезна за сè, и за наједноставните нешта. На пример, страдаш од несоница. Немој да мислиш на спиење.
Стани, излези надвор и пак врати се во собата, легни в кревет како да ти е првпат, без да мислиш дали ќе заспиеш или не.
Сконцентрирај се, кажи го славословието, а потоа трипати „Господи Исусе Христе, помилуј ме…”, и така ќе дојде сонот.
Co молитвата сè се средува, но треба да имаш љубов и пламен во молитвата. He треба да имаш немир, туку доверба во Божјата љубов и промисла. Сè е внатре во духовниот живот.
Сè се осветува, и доброто и тешкото, и материјалното и духовното, и што и да правите, правете го во слава Божја. Како вели апостолот Павле?
„Јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, во слава Божја правете.” (1 Кор. 10, 31)
Кога си во молитва, сè се одвива како што треба. На пример, миеш чинии и не кршиш ниту една, не правиш штета. Во тебе доаѓа Божјата благодат, а кога ја имаш благодатта, тогаш сè се одвива co радост, без напор.
Кога постојано се молиме, Бог ќе нè просветли што да правиме во секоја прилика, и во најтешките ситуации. Бог ќе ни го кажува тоа внатре во нас. Бог ќе најде начини за тоа.
Секако, можеме да ја поврземе молитвата co постот. Значи, кога имаме некој сериозен проблем или дилема, тогаш на решавањето нека му претходат многу молитва и пост. И јас така правев многупати.
Кога, пак, имаме барања за луѓето, тоа да го кажуваме тајно, co молитва која се одвива „скришно” (Мт. 6, 6) и не се гледа јавно.
Преголемата расеаност не ја олеснува молитвата. Оставете ги телефоните, комуникациите и многуте зборови co луѓето.
Ако Господ не помогне, тогаш што можат да направат нашите напори?
Значи, молитва co љубов.
На луѓето подобро им помагаме оддалеку, co молитва. Така им помагаме на најдобриот и најсовршен начин.
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
Подготви М. Д.