„Моралниот карактер на возрасниот човек – тоа е она што човекот го направил и го прави сам со себеси.

Душата – тоа е земја.

Човекот е земјоработник на својата душа.

Ако во душевната земја се сее зборот Божји, зборот на Вистината и Правдата и љубовта Христова, плод е сладок, радосен – како за самиот човек, така и за оние кои го опкружуваат.

Ако, пак, човекот во својата душа го сее коровот на злото, оттаму ќе израсне валкана, отровна трева во духот, која ќе го мачи и него и другите луѓе.

Душата можеме уште да ја замислиме и како глина, а човекот – како вајар.

Вајарот од глина ваја човечки лик.

Така и човекот од своите душевни особини и способности ваја – или лик човечки, или ѕверски. “

Св. Јован Шангајски

Претходна статијаСРЕТЕНИЕ НА ГОСПОД БОГ И СПАСИТЕЛОТ НАШ ИСУС ХРИСТОС
Следна статијаРодителите му дадоа отказ на ангелот чувар!