Авва Јустин Ќелиски
„ Со боговоплотувањето Бог му станува близок на човекот, толку близок, поблизок отколку што тоа е човекот сам на себеси.
Tоа го направи на онтолошкиот темел на човекот: боголикоста.
Што ѝ е на боголикоста поблиску од Бог.
Он – нејзиниот оригинал, нејзиното битие – при слободната волја:
која го прави човекот самостојно битие од Бог – преку личноста.
Да, личноста е на прво место:
слободата кон Творецот, од Творецот, кон Творецот.
Секој христијанин, во Телото Христово – Црквата, е продолжеток на Христовото воплотување, на целиот домострој на Богочовечкото спасение, доживување на сецелиот Богочовек:
непрестајно доброволно-благодатно обогочовечување на себеси, охристовување на себеси.
И тоа секогаш: со „сите Светии“, на чело на кои е Пречистата Богомајка.
Оттаму: секој христијанин е црква во мало, а преку тоа и Црква во големо. Затоа христијанинот има „сведоштво во себеси“:
во доживувањето на себеси како „сотелесник“ Христов:
а со тоа: во доживувањето на себеси како вечен, како богочовечен, како отроичен, како „бог по благодат“.
И така: сецелото свето предание е на христијанинот.
Сѐ што е од памтивек во Црквата – негово е, суштински и благодатно: како во ќелиичка на вечноживиот Богочовечки Организам – Црквата.“