ТОЈ Е ИСТ КАКО ВО АПОСТОЛСКО ВРЕМЕ

„...Секој ден слушам како христијаните зборуваат:

„Да живеевме ние во времето на апостолите и да Го имавме видено Господ Исус, и ние ќе бевме светители како нив“.

Така си замислуваат во своето незнаење. Бидејќи Оној Кој беседеше во времето на апостолите и сега му беседи на целиот свет.

Не само во зборови, туку и преку Своите дела Тој е ист како и во апостолското време, зашто нè уверува велејќи ни:

„Отецот е секогаш во Синот и Синот е секогаш во Отецот, и како што Отецот секогаш дејствува така и Синот секогаш е делотворен“.

Можеби некој ќе рече дека е голема разликата да Го гледаш Господ телесно и само да ги слушаш Неговите зборови – како што сега ние слушаме од други и читаме во Евангелието.

И јас кажувам дека има разлика и додавам дека денешниот начин на спознавање на Христос е неспоредливо попогоден од првобитниот.

Бидејќи, тогаш Господ им се покажал на луѓето во облик на обичен човек, смирен и понижен – тоа и самите Евреи ги збунувало – додека денес Тој нам ни Се проповеда како вистински Бог.

Тогаш им приоѓал на луѓето како човек, седел на трпеза со грешници и митници додека денес Тој седи од десната страна на Бога Отецот и го храни целиот свет, и без Него ништо не се случува.

Во времето на апостолите дури и простите Го понижувале и велеле: „Нели е овој дрведелецот, синот на Марија?!“ (Мар. 6, 3) додека сега Му се поклонуваат кнезови и цареви како на Божји Син и Бог. А Тој ги прославува оние кои вистински Му се поклонуваат со духот…“

Свети Симеон Нов Богослов