Многу често слушаме : Не сум јас монах за да живеам според Евангелието. Ние сме од светот. Не се бара тоа од нас…!
Дали е така?

ЕВАНГЕЛСКИТЕ ЗАПОВЕДИ ВАЖАТ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ…

„Пишувате дека во светот и во семејство е исклучително тешко да се оттргнеш од земното.

И навистина е тешко.

Но евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе што живеат во светот, зашто тогаш немало ни монаси ни манастири.

Сите христијани треба да го помнат словото Господово:

„ Во светот ќе имате маки“. Истото е речено и во Делата апостолски:

„Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки “.

Не е одредено со какви маки, туку општо – „многу“, зашто секој човек има свои маки, со оглед на неговата надворешна положба и внатрешно настроение и немоќ.

Согласно тоа, еден мора да вкуси една вид жалост, а друг – друг вид.
Но за сѐ Господ воспоставил едно општо правило:

„Со трпение спасувајте си ги душите“, како и: „Кој претрпи докрај, ќе се спаси“.

Свети Амвросиј Оптински

Претходна статијаА, Пресвета Богородица многу го сака Акатистот… (Старец Јосиф Исихаст)
Следна статијаМОЛИТВА – против магии, зли јазици и болести (на свети Кипријан )