Манџичка за „здравје,“!

Почитувани пријатели, има уште многу работи кои треба да се знаат во врска со верата и духовноста, има работи што многумина луѓе не ги знаат, па затоа лека полека ќе објаснуваме.

Ручекот кој се дава во Храмовите и Манастирите многумина луѓе го нарекуваат курбан, а не знаат што значи овој збор.

Зборот курбан не е Православен збор, нити македонски збор, во Православната вера –  нема курбан.

Кога се извршува курбан се мисли на жртва, а во Православната Црква единствена жртва е Господ Исус Христос кој Ја пролеал Својата Света КРВ ЗА сите нас.

Ручекот кој се дава во Храмовите не е поголем од Литургијата!

Многумина луѓе рано наутро не доаѓаат на молитва во Храмот, нити на Литургија, ама доаѓаат на ручекот за да јадат ,,курбан” за здравје.

Почитувани пријатели, од ручекот колку и да изедеме нема да ни биде на здравје, ручекот се дава за да јадат сите луѓе, а не за здравје.

Здравјето го дава Господ Бог, ако не се оди во Храмот на Литургија и не се општи со Светите Тајни, тогаш како сакаме здравје и спасение?

Ручекот е најсладок кога најпрво ќе отидеме на Литургија, цело време бидеме присутни во Храмот, а после завршувањето на Богослужбата да отидеме на ручек да си каснеме, е тогаш ќе речеме – многу сладок ручек! Манастирски!

Кога бев дете на 7 години качив висока температура, ама толку висока температура што никако не паѓаше и на крај завршив во болница.

После дводневна терапија во болницата температурата ми падна и здравствената состојба ми се подобри. Ме пуштија од болница, ама за белја, не упатени, со недоволна вера во Бога, истата година во месец мај на Ѓурѓовден започнаа да колат ,,курбан” за ,,здравје”.

Која е поентата на тоа колење на животинка?

Многу луѓе мислат дека таквото колење на животното е еден вид на жртва, демек таа жртва ќе ни биде како веќе да не се разболуваме…колку бедно!

Почитувани пријатели, ако го правите тоа, веднаш прекинете го, немојте да се плашите дека  ако прекинете,  ќе ви се случи  нешто лошо.

 

До 18. години колеа животинка…ама откако поверував во Бога и откако започнав да живеам духовен црковен живот, самиот тој чин го прекинав!

Совет-

Кој го правел тоа ако го прекине , ништо нема да му биде! Господ дава живот Господ зема, а кој мисли дека сака да направи жртва, нека појде во Храмот нека дарува некоја пара.

Таквата жртва Бог ја прима!

ИЗВОРВизантиска музика
Претходна статијаНаучете се навредите да ги пишувате на песокот ! (Поука)
Следна статијаНашето тело нека работи, а нашата душа нека се моли…! Свети Григориј Палама