„И Пресвета Богородица, раѓајќи ни Го Богочовекот Господ Христос, во суштина ја роди Црквата, бидејќи ѝ го даде телото на Црквата.
Затоа, светата молитвена мисла на Црквата ја исповеда и ја проповеда оваа вистина, оваа севистина:
Богородица е сесветла Црква Божја.
Севкупниот Богочовечки домострој на спасението се извршува низ Неа и Нејзиниот Божествен Син.
Богомудрите Отци на Црквата благовестуваат за Неа:
„Навистина Света Марија ние со право ја нарекуваме Богородица, бидејќи ова име ја содржи сета тајна на домостројот на спасението“.
Пресвета Богородица е Мајка на Бог, и оттаму Мајка на сѐ божествено, сѐ свето, сѐ небесно, сѐ вечно, сѐ богочовечко, сѐ најдобро, сѐ најубаво.
Од сѐ добро, Таа е најдобра;
од сѐ свето, Таа е најсвета;
од сѐ чисто, Таа е најчиста;
од сѐ прекрасно, Таа е најпрекрасна;
од сѐ добродетелно, Таа е најдобродетелна.
Во сиот род човечки, после Господ Христос, Таа е најсовршена Богочовечка Седобродетел. Без сомнеж, Таа е најсовршен образец на сѐ најдобро.“
(Ава Јустин Ќелиски)