„…Целта на овоземниот живот е преобразување на паднатиот човек во нас и воздигнување на обновениот и стекнувањето на благодатта на Светиот Дух. Тоа се постигнува со доброволно распнување на стариот и огревовен човек со врздржување и бдеење над своето срце и негово чистење и ослободување од старстите во него кои не заробуваат и не прават робови на ѓаволот и осуденици на смртта.
Постот е едно од тие срества кои најдиректно помагаат во тој подвиг, најпрво на нивно неутрализирање, а потоа и победа над нив и ослободување. Меѓутоа, постот сватен, не само како воздржување од одреден вид на храна во предходно определени денови од годината туку сефкупниот наш христијански живот и начин на постоење во непрестано бдеење и контрола над себе се до моментот на очистувањето на срцето од страстите и стекнувањето на благодатта на Светиот Дух во нас.
Со постот ние се трудиме нашиот ум да го приковаме кон Господ, и во се’ што правиме, да имаме Божја благодат во нас и од неа да не отстапиме, а понатаму Самиот Свет Дух ќе не учи како таа благодата да ја запазиме во нас и дојдеме до нашата зададеност, како што спомнавме во почетокот.
Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајнието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг итн, а пред се молитвата. Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета па дури и суета и прелест.
Постот е добродетел на Црквата па според тоа има и соборни димензии. Односно ние постиме и се подвизуваме не само за себе туку и за сите други. Постот и молитвата се голем дар Божји без кои нема обожение и спасение.
Тие се наше благодарно учество во Крстот Христов, па и затоа и во Неговото воскресение. Затоа да го возљубиме постот и да се воружиме против нашиот непријател.
Постот е и љубовно послушание кон Црквата за да не ја нарушиме соборноста на Црквата и Нејзиното устројство. Постот е многу суштествен дел, важен во нашата Црква. Светата Православна Црква уште од апостолските времиња, по примерот на Господ Исус Христос, го востановила постот, го определила времето на постот и која храна да ја јадат христијаните за време на постот.
Пред се, Православната Црква утврила и пропишала за време на постот да не се јаде: месо, маст, сирење, масло, јајца, млеко, а понекогаш и риба, според важноста на постот.
Во поглед на времето и бројот на постите, светата Црква утврдила да се пости во среда, петок и во четирите годишни пости: Велигденскиот (Големиот) или Четириесетницата, Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост. Овие пости се востановени уште од апостолските времиња. Не зборувајќи за среда и петок, Православната Црква го пропишала, покрај Велигденскиот пост, уште и Божикниот пост, Апостолскиот – Петровденски пост и Успенскиот – Богородичен пост, потоа, денот пред Богојавление, денот на отсекувањето на главата на светиот Јован Крстител и празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден.
Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:
“Никој да не не обвинува што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме; во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада. Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.
Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори:
“Тој што самоволно се разрешува од пост во среда и петок, Го распнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го убијат, а во петок Го распнаа”.
Затоа, ако некој се разреши од пост без причина, тоа не е разрешување, туку распнување на Господа. Разрешување е само она што Црквата го разрешила и кое го советуваат светите Отци.
Чувајте се од самоволно разрешување на постот и не слушајте ги оние што ве учат да не постите.
….
Никој да не мисли дека може самоволно да се разрешува од пост по своја волја, како што има многу случаи кај свештениците и монасите, сами да се разрешуваат од постот, па и мирјаните ги наговараат со зборовите:
“Јади кога јас сум разрешил” или, пак, мирјаните сами без причина да се разрешуваат од пост. За оние кои јадат месо и сирење во Велигденскиот пост, во среда и петок, 132-то правило од Номоканонот заповеда:
“Две години да не се причестува, па макар кој и да бил”. Оној, кој не ги постел Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост, 228-то правило од Номоканонот вели дека во црква не се примаат дури ни нивните деца, ако и тие не постат.
Тоа така го востановила Православната Црква во чест на празниците кои се прославуваат. Оној кој може и сака и во овие денови нека пости, но не осудувајќи ги оние кои вака ублажено постат.
Тоа што го одредила Црквата е царски и духовен пат кој води во вечен живот. Оние кои сакаат да постат нека внимаваат да не се натоварат со поголемо бреме од она што Црквата го наредила, оти, ако паднат, нема кој да ги поткрене.
Оние кои никако не постат, нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството небесно. Но, тие не можат веднаш да го земат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и петок во првата и последната недела од постот, а потоа, со текот на времето, ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат целосното правило, па така по некое време и тие ќе постат уредно.
Во тој духовен напор лошите духови ќе станат силни и ќе те советуваат во разумот или преку ближните, сакајќи да ти наштетат, велејќи ти:
“Сакаш да ослабиш, не можеш да издржиш, болен ти е стомакот, лекарот ти препорача добра храна”, а се со цел да ти ја убијат желбата.
Но, ти, малку по малку, со молитва ќе го отстраниш лошиот дух и постот ќе ти стане лесен.
Освен тоа, почетникот, најнапред, може да остави во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, па со текот на времето ќе мине на целосен пост.
Целиот текст