Дома Останато Kалендар Никаков труд без Божја помош не успева!( Осумнаесетта недела по Педесетница)

Никаков труд без Божја помош не успева!( Осумнаесетта недела по Педесетница)

0
666

Недела осумнаесетта по Педесетница

Бог e дарител на сите добри дарови. И секој Божји дар e coвршен, и тоа совршен во толкава мера што ги наведува луѓето на чудење. Чудото и не e ништо друго, туку дар Божји на кој се чудат луѓето.

A луѓето се чудат на Божјите дарови поради нивното совршенство.

Kora луѓето би биле во рајска чистота и безгрешност, не би чекале Бог да воскреснува мртви или да намножува лебови или да ги полни мрежите co риба, па да речат: еве чудо!

Туку напротив, за секоја Божја творба, за секој час и здив од својот живот би рекле: еве чудо! Но откако гревот им стана навика на луѓето, сите безбројни чуда Божји во светот станаа за човекот тапа навика.

За човекот од таа навика сосема да не затапи, зачмае и да не падне на нивото на животните, Бог, според своето милосрдие спрема болното човештво, врз безбројните свои чуда додава нови чуда. И тоа само за да го разбуди човекот и да го отрезни од морничавата душогубна навикнатост на чуда како на не-чуда.

Co секое свое чудо Бог сака прво да ги предупреди луѓето дека Тој будно бдее над светот управувајќи го според својата семоќна волја и мудрост; и второ, дека луѓето без Hero не можат никакво добро да направат.

Никаков труд без Божја помош не успева. Никаква сеидба без Божји благослов не донесува жетва. Сета човечка Mудрост, ако e насочена против законот Божји, не e во состојба сама од себе да донесе ни толку добро колку што e зрно синапово. Доколку таа за извесно време изгледа дека носи добро, тоа e од Божјата милост, која не се оддалечува ниту од најлутите противници Божји.

Бог e човекољубив и не се одмаздува веднаш, туку долго трпи и чека на покајание. Он сака сите луѓе да се спасат и да ja спознаат вистината.“  (Омилии)

Свето евангелие според светиот апостол Лука

5:1-11

1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро.

2. Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите,

3. Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.

4. А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!”

5. Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.”

6. И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина.

7. Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа.

8. А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!”

9. Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија;

10. а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”

11. Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сe и тргнаа по Него.