Старецот рече:
Често се случува некому да му кажеме само неколку духовни слова и тој да се промени.
Тогаш, ние велиме:
„Охо! Јас го спасив човекот.“
Убеден сум дека човекот којшто е наклонет кон добро и има доброта во себе, дури и да не се обратил благодарение на нас, би се обратил на секаков друг начин.
Да се чуваме од лажно апостолство !
+++
На прашањето по кои правила духовникот треба да се раководи за време на исповедта, старецот одговори:
„Духовникот треба да го гледа секој поединец на соодветен начин. За мене духовник којшто го извршува чинот, без да го испитува секој случај одделно, едноставно е престапник“.
+++
Старецот рече:
Со излегувањњето од светот монахот своите блиски ги доверува на Бога и заборава за нив.
Тогаш Бог се задолжува да им помага. На тој начин монахот излегува од своето мало семејство и влегува во големото семејство на Адам.
Тој не си спомнува на блиските ниту посебно се моли за нив.
Јас, во лицата на сите луѓе гледам свои родители, браќа и роднини…
Кога јас не мислам за блиските, за нив мисли Господ.
+++
Старецот рече:
Најголемиот мој непријател е моето име. Тешко на монахот чиешто, име ќе се прочуе, затоа што после тоа тој нема да има мир и спокој и луѓето ќе почнат да мислат за него нешта, какви што во стварноста не постојат “
+++
( од книгата `Да ја претвориш туѓата болка во своја – Поуки на Светогорскиот Старец Пајсиј)
Подготви М. Д.