Св. прoрoк Јoна.
Живeeл пoвeќe oд 800 гoдини прeд Христа.
Вo нeгoвиoт живoтoпис сe вeли дeка тoј ѝ бил син на вдoвицата oд Сарапeта Сидoнска, кoгo прoрoкoт Илија гo вoскрeснал oд мртвитe.
Сo свoeтo триднeвнo прeбивањe вo утрoбата на китoт св. Јoна гo прeдизoбразил триднeвнoтo прeбивањe на Христа вo грoбoт, а нeгoвoтo спасeниe oд утрoбата на китoт – вoскрeсeниeтo на Гoспoда oд мртвитe.
Сeтo oстанатo за oвoј прeкрасeн прoрoк трeба да сe прoчита вo книгата на прoрoкoт Јoна.
Книга пророк Јона
2. Молитвата на Јона и неговото избавување.
1. И му заповеда Господ на еден голем кит да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи.
2. Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на китот,
3. па рече: „Кон Господа повикав во мојата неволја Он ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој.”
4. Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минеа преку мене.
5. Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, но сепак, ќе ја видам светињата Твоја.
6. Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена.
7. Слегнав до основите на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ќе ја изведеш душата моја од пеколот.
8. Кога изнемогна душата моја, се сетив на Господа, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.
9. Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,
10. но јас со похвален глас ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господа е спасението!”
11. Тогаш му заповеда Господ на китот, и тој го исфрли Јона на суво.
3. Проповед во Ниневија за пропаста на градот.
1. И повторно дојде словото Господово до Јона, велејќи му:
2. „Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.”
3. Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господа; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење.
4. И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: „Уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната!”
5. И поверуваа ниневијците во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреќи, мало и големо.
6. Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во вреќиште и седна во пепел,
7. па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци – ни луѓето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат;
8. и луѓето и добитокот да бидат покриени со вреќишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од насилството на рацете свои.
9. Кој знае – можеби Бог ќе се смилостиви и ќе го отфрли од нас својот разгорен гнев, и така да не загинеме.
10. И ги виде Бог нивните дела, оти тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали на злото, за кое беше рекол дека ќе го нафрли врз нив, и не го нафрли.
4. Јона се лути што Ниневија не е уништена, но се вразумува.
1. Поради тоа Јона многу се огорчи и вознегодува.
2. Па Му се помоли на Господа и рече: „О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Та затоа и побегнав во Тарсис, оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден, долготрпелив и многумилостив, па ќе се сожалиш за бедата.
3. А сега, Господи, земи ја душата моја од мене, зашто подобро е да умрам отколку да живеам.”
4. Господ, пак, му рече: „Зошто тоа толку многу те огорчи?”
5. Тогаш Јона излезе од градот, па седна од источната страна, и таму си направи сеница и се смести во неа под ладовина, за да види што ќе стане со градот.
6. Господ Бог нареди сега да израсне растение над главата на Јона, за да има над главата сенка, и да го избави од огорчението негово. Јона многу му се зарадува на тоа растение.
7. И нареди Господ, вториот ден, кога зората се зазори, црви да ја подгризат тиквата, и таа се исуши.
8. А кога изгреа сонцето, испрати Бог врел источен ветар, и сонцето почна да ја вжештува главата на Јона, така што тој изнемоште толку што се помоли да умре, велејќи: „Подобро е да умрам отколку да живеам.”
9. А Бог му рече тогаш на Јона: „Па зар е добро тоа што се лутиш заради растението?” А тој одговори: „Многу сум лут, лут сум дури до смрт!”
10. Тогаш Господ рече: „Тебе ти е жал за едно растение, за кое ти не си се трудел, ниту си го одгледувал, и кое за една ноќ израсна и се исуши,
11. а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеќе од сто и дваесет илјади души, кои не можат да ја разликуваат десната рака од левата, а и за многу добиток?”
Изворː Охридски Пролог
Подготви С. Трајчева