ТИ И ЈАС СМЕ ЕДНО

Честопати поклониците бараа од Старецот да се моли за нив и за нивните блиски, и Старецот секогаш ветуваше дека ќе го стори тоа. Во еден миг се запрашав: како Старецот може да запамети стотици имиња?

Еден ден, додека разговаравме за молитвата, тој ненадејно се заврте кон мене и ми рече:

„Можеби се прашуваш како во молитвата се сеќавам на толку имиња. Јас сум грешен и слаб човек; и велам вака: Господи; благослови го Георгиј, Никос, Марија, Катерина – оние имиња на кои се сеќавам – и сите оние што заповедаа да се молам за нив, а чии имиња ги заборавив”.

А Бог, бидејќи Он не е отец Порфириј па да заборава, туку ги памети сите имиња, доаѓа и сите ги благословува.”

„И како се молите Старче, во своите молитви за сите тие луѓе?”

„Еве! Најпрво велам:

Господи Исусе Христе, помилуј ме.”

„Помилуј ме?!

Па луѓето бараат да се молите за нив, a не за себе!” извикав зачудено.

„Па добро, зарем ти не знаеш дека ако Бог не ме благослови мене, нема да те благослови ни тебе?

Зарем не знаеш дека ти и јас сме едно?

Во тоа чувство за нашето единство co другиот се крие тајната на духовниот живот во Христа.”

Претходна статијаГОСПОД 3НАЕ ШТО ТИ Е НАЈПОТРЕБНО!
Следна статијаНека Христос говори во нас, како што стори со Павлe – Св. Теофан Затворник