ТИ И ЈАС СМЕ ЕДНО
Честопати поклониците бараа од Старецот да се моли за нив и за нивните блиски, и Старецот секогаш ветуваше дека ќе го стори тоа. Во еден миг се запрашав: како Старецот може да запамети стотици имиња?
Еден ден, додека разговаравме за молитвата, тој ненадејно се заврте кон мене и ми рече:
„Можеби се прашуваш како во молитвата се сеќавам на толку имиња. Јас сум грешен и слаб човек; и велам вака: Господи; благослови го Георгиј, Никос, Марија, Катерина – оние имиња на кои се сеќавам – и сите оние што заповедаа да се молам за нив, а чии имиња ги заборавив”.
А Бог, бидејќи Он не е отец Порфириј па да заборава, туку ги памети сите имиња, доаѓа и сите ги благословува.”
„И како се молите Старче, во своите молитви за сите тие луѓе?”
„Еве! Најпрво велам:
Господи Исусе Христе, помилуј ме.”
„Помилуј ме?!
Па луѓето бараат да се молите за нив, a не за себе!” извикав зачудено.
„Па добро, зарем ти не знаеш дека ако Бог не ме благослови мене, нема да те благослови ни тебе?
Зарем не знаеш дека ти и јас сме едно?
Во тоа чувство за нашето единство co другиот се крие тајната на духовниот живот во Христа.”