„Од Божјата љубов се раѓа светата смелост.

Така една рака апостоли, претходно малодушни, после слегувањето на Светиот Дух, исполнети со храброст тргнале во духовна борба против целиот свет.

И речиси сите биле удостоени со маченички крај.

Прекрасни зборови им кажал апостол Андреј на оние што му се заканувале дека ќе го распнат:

„Кога би се плашел од крстот, не би го проповедал“.

И тој бил распнат, и висејќи на крстот ја прославувал крсната смрт на Владиката Христос.

Даровите на Светиот Дух се непроценливи.

Секој дар не е ништо друго туку огнена љубов.

Но, заради ширењето на нашето срце, за тоа да може да ја прими Христовата љубов, неопходно е сите да поминеме низ многу искушенија.

Оние што живеат во телесен мир атрофираат духовно и остануваат затворени за Божјата, Христолика љубов.

Таквите живеат и умираат, а нивниот дух не се качува кон небото.

Меѓу даровите од горе и подвизите на верата постои некаква синергија:

Сите кои одат по патот на Христовите заповеди, се препородуваат следејќи Го Христос, едни повеќе, а други помалку, зависно од тоа колку срдечност покажуваат.

Преку сораспнувањето со воплотениот Бог – Словото врз верниците слегува благодатта која човекот го прави сличен на Богочовекот.

Овој голем дар во себе содржи и живоносно богословие, преку реален живот во Светлината на љубовта.“

– Старец Софрониј

Претходна статијаСвети Пантелејмон, со твоите молитви исцели ги нашите душевни болести
Следна статија“Мe пoбeди, Сарo!” – за страста на блудот