Денес на големиот православен празник посветен на Свети Пророк Илија, во храмот Свети Димитрија во Марков Манастир, се одржа Божествена Литургија во отслужение на јеромонах Атанасиј Арсоски.
Верниот народ, во празнична радост, се причести со Светите Христови Тајни!
фотографии – Скопје 2.08.2019 – Марков Манастир
Кондак 3
Кондак 1.
Пророку Божји Илија, избран од Бога да го ослободиш Израилот од измамата Ваалова, страшен изобличителу на неправедните цареви, кој си заблескал со пламен на ревност кон Бога Седржителот и светост на животот и чудата, кој си земен со телото на небо и кој ќе му предходиш на Второто Христово доаѓање – тебе ти пееме пофални песни; а ти имајќи голема слобода пред Господа, од секакви зла и неволји ослободи не нас кои ти пееме побожно:
Радувај се Илија, голем пророку, славен предходнику на Второто Христово доаѓање!