Поука за Вистината.

„Голема е ползата за секој човек ако Христос стане негово срце и негов живот.

И не само што тоа е добро за него, туку истото е добро и за сите оние кои се во неговата близина, бидејќи, секоја сила секогаш се наоѓа во центарот и оттаму се шири, како бранови, насекаде и делува на сѐ она што ќе наиде на тој пат.

И оној кој, најверојатно заради својата мрзливост, се лишил од овој голем Божји дар, тој многу си скратува и себеси и на другите заради тоа што Христос не е во него, во неговиот живот и во неговото срце.

Да Му се помолиме на Господ Тој да стане срце на секој човек и да биде Живот за оние кои умреле за желбите на овој свет, а да биде смрт за оние во кои сѐ уште живее стариот, грешен човек.

И да се молиме за тие, огревовени луѓе, да не го шират околу себе лажниот живот, ако веќе не сакаат да живеат во Вистината.“

Свети Серафим Саровски

ИЗВОРДојранска Епархија
Претходна статијаСедумте врховни ангели (Житија на Светиите)
Следна статијаИсусовата молитва (Господи Исусе Христе, помилуј ме….) ни дарува голема корист!