ЗА МИЛОСРДИЕТО

Сирах Премудриот

„Како што разгорениот оган го гасне вода, така милосрдието ги ублажува гревовите; Милосрдието останува во веки.“

Милосрдието кое произлегува од неправда не е милосрдие, туку суровост и нечовечност, зашто каква корист има ако некого го соблечеш за да го облечеш другиот?

Почеток на милосрдието треба да биде сострадувањето.

А господ ни ги налага овие дела на милосрдие:

– да ги храниме гладните

– да ги напоиме жедните

– да ги облечеме необлечените

– да примаме тугинци

– да посетуваме болни

– да ги тешиме несреќните

– да им помагаме на затворениците.

Во дела на милосрдие се вбројуваат и делата кои се творат заради духовно и морално образование и преуспевање на ближниот.

Милосрдието покрива мноштво гревови. Тоа избавува од смртта.

Претходна статијаНе ја даваш твојата своина, туку Божјата!
Следна статијаСв. Нектариј Егински – Лицето не го врти од сиромашните