По молитвите на Апостолите Петар и Павле, Господ да не` помилува!

„ДВАЈЦА ПРОСТИ СИРОМАСИ, А КАКВО БОГАТСТВО!

Сенката на светиот апостол Петар исцелува од сите болести, една сенка.

Тогаш, кој го збогатил него – кој?

Крпчињата, убрусите на светиот апостол Павле исцелуваат од сите болести.

Кој е побогат од овој најбогат Христов ученик?

Со еден Христов збор тие ги воскреснуваат мртвите, исцелуваат од сите болести.

Што е тоа, од каде им е на луѓево тоа, какво богатство е ова?

Видете, што се овие двајца обични луѓе, од каде им е таа моќ?

Од каде му е моќта на исплашениот Петар, кој од слугинката се исплаши и од Христа три пати се одрече?

И овој Петар неплашливо оди по сиот овој свет, Го проповеда Господа Кој смртта ја победи и четириесет дена по Неговото воскресение помина со Своите Ученици во верата: дека навистина воскресна, дека навистина смртта е уништена, и им Го испрати Светиот Дух во педесеттиот ден; им ја испрати Небесната Сила, и тоа не една, туку сите Небесни Сили, и тие – исполнети со Светиот Дух Го пренесуваат Воскреснатиот Господ како нераспадливо богатство по сиот овој свет.

Слечи ја душата на апостол Павле, и што ќе најдеш во неа?

Воскреснатиот Господ, верата во Него, животот според Него.

Слечи ја душата и срцето на апостол Петар – и повторно исто, тоа истото.

„Не живеам веќе јас, туку Христос во мене живее“ – изјавува апостол Павле.

Ја бараш душата Павлова во Павле, и неа ја нема, Христој ја заменил, ја променил совеста, умот, срцето негово во него, ги нема, Господ Христос е во него.

О, таква силата на некогашниот гонител на Христа Господа и Црквата Негова!

Да не воскреснеше од мртвите Господ Христос, кој би го сопрел дрскиот Савле, најучениот младич, големиот ревнител со фарисејски дух, кој би го сопрел да него, за да не ги гони и убива христијаните, да не ги уништува?

Кој ако не Воскреснатиот Господ Кој му се јави на патот за Дамаск, и тој, гледајќи Го Него Воскреснат и жив, сè оставил и тргнал по Него!

Савле, Савле, зошто Ме гониш? – Кој си ти, Господе? – Исус.

Оттогаш покајаниот Савле станува апостол, неплашлив апостол на Христа Господа.

Оттогаш сиот овој свет за него станува ништо, и тој им пишува на христијаните:

Затоа сметам дека и сè друго е трици и штета, штета кон Воскреснатиот Господ Христос.

Штом Го познав Христа Господа, Него, Вистинскиот Бог, овој свет е трици, сиот овој свет, сè што е во нив.

Кога сите овие планети, сите овие ѕвезди би се претвориле во злато, сето тоа би биле трици и кал наспроти Христа Господа.

Единствено посакувам, вели апостол Павле, да Го познавам Него, (…), и учеството во Неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со Неговата, та некако да го достигнам воскресението на мртвите.

Ете, тоа е крајот, тоа е крајната цел на павловиот живот: Вечен Живот, воскресение од мртвите, победа над смртта.

Ете го богатството со кое Павле располага, кое го доби од Воскреснатиот Господ Исус.

Што може него да го изгасне?

Каков Нерон, какви Нерони! Цареви, гонители, о, сè се тоа трици… Нерон на царски престол – трици наспроти Христа Господа.

Тоа, токму тоа Евангелие го носи апостол Павле, и го разнесува низ овој светот.

Непрестајни чуда…“

Извадок од – Беседа на празникот на светите апостоли Петар и Павле

Повеќе…

ИЗВОРКумановско - Осоговска Епархија
Претходна статијаПЕТРОВИОТ ПЛАЧ!
Следна статија…Наследници на Апостолското преемство! Дали навистина сме?