Свети Макариј Велики:

„Како што повеќе светилки, наполнети со истото масло и запалени со истиот оган, често не даваат еднаков сјај на огнот, така и даровите, според разликата во добрите дела, имаат и различна светлина од благиот Дух.

Или како што во еден град со многу жители, сите што живеат во него јадат ист леб и пијат иста вода, но едни се возрасни мажи, други бебиња, трети деца или старци, и меѓу нив има голема несличност и разлика;

или како што пченицата посеана на едно поле раѓа различни класови, кои потоа се собираат на едно исто гумно и се ставаат во еден ист амбар:

така треба да сфатиш дека и при воскресението на мртвите воскреснатите ќе бидат прославени и ќе се одликуваат со различна слава,

според големината на заслугите, според нивното заедничење со Божјиот Дух, Кој престојува во нив уште овде.

А тоа и значи она:

„Ѕвезда од ѕвезда по болскотот се разликува”
(1. Кор. 15, 41).“

Претходна статијаТРИ КРСТА! Блажен Августин – поука
Следна статијаСе повредуваме еден со друг, пред се, заради нашата гордост `…!