Што е постот по својата суштина?
И зарем не се лажат себеси оние кои сметаат дека постот треба да се исполнува само по буквата, но не го сакаат и се обременуваат со него во срцата свои?
И може ли да се нарече постот само запазување на одредени правила за невкусување на мрсна храна во посни дни?
Ќе биде ли постот пост, ако освен некои промени во составот на храната, не размислуваме ни на покајание, ни на воздржание, ни на очистување на срцето преку засилена молитва?
Постот – не е диета.
Апостолот забележува, дека „храната не нè приближува кон Бога“ (1 Кор. 8, 8).
„Во видливото воздржување на плотта нема совршенство, него може да го имаат и неверните поради неопходност или лицемерие“ – вели свети Јован Касијан Римјанин.
Воздржувањето во храната – е само основа за понатамошната градба, со него „се запазува во потребната чистота и трезвост нашиот ум, во потребната чувствителност и духовност нашето срце“.
Свети Игнатиј (Брјанчанинов)