Корист

• Користа од поучување и сеќавање на Бог е неизбројна; таа е над зборовите, несфатлива е.

Ниту оние кои ja почувствувале, не се во состојба целосно да ја објаснат. Постојаната молитва е заповед Божја и дар Божји, кој е необјаснив co човечкиот разум и зборови.

Кратката молитва го собира умот. Преподобен Исак Сирин рекол дека умот, ако не е приврзан за поучувањето, не може да прекине да лебди и да скита.

Кратката молитва подвижникот може да ја има на секое место, во секое време, што и да работи, а особено при телесни работи.

Дури и во текот на црковната богослужба е корисно да се занимаваш co неа, не само за време на неразбирливото читање, туку и кога се чита разбирливо.

Таа помага да се внимава на тоа што се чита, особено кога ќе се вкорени во душата и кога ќе му стане некако природна на човекот.

Поучувањето воопшто, особено Исусовата молитва, служат како најдобро оружје против гревовните помисли. Следнава изрека на свети Јован Лествичник ја повториле многу свети писатели:

„Co името Исусово победувај ги противничките војници: бидејќи ниту на небесата, ниту на земјата нема да најдеш посилно оружје”.

Од постојаната молитва подвижникот доаѓа до сиромаштво на духот: учејќи се постојано да бара Божја помош, тој постојано ја губи надежта во себе; ако и стори некакво добро, тој во тоа не гледа свој успех, туку милост Божја, за која постојано Го моли Бога.

Постојаната молитва раководи кон стекнување на вера, бидејќи оној кој постојано се моли, постепено почнува да го чувствува Божјото присуство.

Ова чувство може малку по малку да порасне и да се засили дотаму, што окото на умот појасно го гледа Бог во Неговата Промисла, отколку што сетилното око ги гледа предметите на материјалниот свет: бидејќи срцето го чувствува присуството на Бог.

 

Постојаната молитва, co надеж на Бог го уништува лукавството, воведува во света простота, го одучува умот од разни помисли, од правењето замисли во однос на себе и на ближните, држејќи ги мислите кои го сочинуваат неговото поучување секогаш во сиромаштво и смирение.

Оној, кој постојано се моли, постепено ja губи навиката на замислување, расеаност и суетна мисла; тој ја губи повеќе, доколку во неговата душа повеќе се продлабочува и вкоренува светото и смирено поучување.

Конечно, тој може да достигне состојба на дете, која е заповедана во Евангелието, да стане луд заради Христа, т.е. да го изгуби лажнонаречениот разум на светот и од Бог да добие духовен разум.

Co постојаната молитва се уништува љубопитноста, горделивоста. Но не сите луѓе почнуваат да изгледаат добри, a од таквиот залог на срцето кон луѓето се раѓа љубов кон нив.

Ho, кој постојано се моли, постојано престојува во Господа,

Го познава Господа како Господа, стекнува страв Божји, co стравот влегува во чистота, a co чистотата во Божествената љубов.

Љубовта Божја го исполнува својот храм co дарови на Духот.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаМолитва благодатна – која е? (Св. Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаВелиш дека постиш? Убеди ме во тоа со делата! (Петровденски пост)