(Се приближува денот на моето заминување Кога за три дена ќе ги чуете звоната, тогаш знајте дека вашиот пријател си отишол! Се предавам на Пресветиот Бог ! “ )
…
Во текот на последните четириесет дни на својот овоземен живот старецот ништо не јадеше, но секојдневно се причестуваше и земаше по парче лубеница.
Старецот толку се грижеше за своето заминување, така што тоа можеше да се сфати како тој навистина некаде да ќе патува и дека очекува превоз.
Кога веќе на ништо не се надевавме, се обидувавме, со помош на сите средства, научни или народни да ги олесниме неговите тешкотии, зашто повремено гушењето многу го мачеше.
Меѓутоа, старецот, како и обично ќе ни речеше:
„Не се мачете, деца!
Нема да останам овде! Колку само долго го очекував овој час!
Вие само молете се, ништо да не застане на мојот пат на надежта. Се` додека е жив човекот не може да биде спокоен!“
На 14 август 1958 година отец Јосиф срдечно се подготвуваше и нестрпливо го очекуваше утрешниот ден и празникот на Успението на Пресвета Богородица.
Нешто исчекуваше.
Истовремено и неговата здравствена состојба стануваше се` покомплицирана. Непосредно пред тоа доаѓаа пријатели на старецот – мирјани и кога му посакуваа брзо оздравување, тој им возвраќаше:
Не, не! Јас набзо ќе си заминам!
Кога за три дена ќе ги чуете звоната, тогаш знајте дека вашиот пријател си отишол! Се предавам на Пресветиот Бог ! “
Утредента, на празникот на нашата Владичица Богородица отец Јосиф присуствуваше на литургијата.
Со тешкотија го изговори „ Трисвето“, а потоа, последен пат се причести со зборовите :
„Патнина, за вечен Живот!“
Непрестајно ја гледаше иконата на нашата Гопсподарка, Која толку ја сакаше, преколнувајќи Ја за нешто, што само Таа го знаеше.
Спокојните солзи на старецот беа сведоци на таа тајна молитва на неговата душа, која се однесуваше на Онаа Која толкупати го утешила и го приморала непоколебливо да се потпре на Нејзиното милосрдие.
Зарем нашата најслатка Владичица не ни се обраќа таинствено и нам, кој престојуваме во Нејзината Божествена Градина и зар не не` потсетува да се повикаме на неа?
Зарем живата и очигледна грижа на Божјата Мајка, Која се пројавува во нашите секојдневни животи не ни служи како потсетување на тоа дека секогаш не следи Нејзината мајчинска љубов?
Најслатка Владичице наша, вистинско сидро на нашата надеж!
Каде да одиме ние во овие лукави дни, кога се` е изопачено, каде да се потпреме за да се укрепиме, ние покајаните, освен во Твоето бескрајно страдање и во Твојата мајчинска смелост пред Твојот Син?
Колку само е соодветен тропарот од Богородичниот Канон на Јован Евхаитски (Теотокарион, 6 глас, недела, деветта песна), кој сигурен сум, му е познат на секој Светогорски монах:
„Како што слугата ги подига своите видливи очи кон раката на својот Господар , така и јас , Севоспеана, ги подигам надворешните и внатрешните очи кон Тебе, моја Владичице, Господарке и Живот, за да ме утешиш!“
…
Нашата Владичица во целост го исполни своето ветување истакнато преку зборовите: „На Мене повикај се!“
Му го прати својот последен дар и ја прими неговата душа на празникот на Своето Успение.
Седејќи на својот стол и продолжувајќи да се бори со гушењето, старецот не` благослови сите и покрај себе, како и секогаш, го задржа само отец Арсениј.
Кога отец Арсениј во еден момент сакал да ги истрие нозете на старецот и со тоа малку да му ги олесни тешкотиите, отец Јосиф не му допуштил:
„Пушти го сега тоа, Арсениј. Ништо не ми е потребно. Се` е веќе завршено, Одам. “
Ја стегнал раката на својот нераздвоен соподвижник, како за послед пат да се простува со него, благо ги подигнал очите и спокојно ја предал својата блажена душа.
Кога се собравме околу старецот, тој веќе не беше со нас.
Веднаш, штом со нас го прослави Божественото Претставување на нашата Господарка, Пресвета Богородица, си отиде, за да може овој празник да го прослави и таму, на небесата.
Беше тоа петок, рано наутро, непосредно после изгрејсонцето.
Утредента по негова желба го погребавме на местото на неговото упокојување. На тој ден овде се собраа сите скитски отци.
Отец Јосиф ги сакаше сите нив, како што и тие го сакаа него…
Извадок од книгата „Старец Јосиф Исихаст“ (стр. 402 – 404)
Подготви Мина Даниловска