ЗА ПРЕЛЕСТА
„Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето, но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот ̶ затоа светот и ве мрази.
Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас:
ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат. (Јован 15, 18-20)“
Прелеста е повреда на човечката природа со лага. Прелеста е состојба својствена за сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите прародители.
Знаењето за тоа е најдобра заштита од прелеста. Најголема прелест е човек да се смета себеси за слободен од прелест.
„ Човекот паѓа во прелест или заради неопитност или заради горделивост.
Ако е заради неопитност, тогаш Господ брзо го исцелува. А ако е заради горделивоста, душата долго време ќе се мачи, се додека не се научи на смирение!
Дури тогаш Господ ќе ја исцели! Ние паѓаме во прелест кога мислиме дека сме попаметни и поопитни од другите, дури попаметни и од Духовникот.
Така мислев и јас заради неопитност, поради која настрадав. И многу Му благодарам на Бога затоа што ме смири и ме вразуми, не одземајќи ја својата милост од мене.
И сега мислам дека не можеме да се избавиме од прелеста, без исповед кај духовникот, бидејќи ним им е дадена власт од Господа да разрешуваат од гревовите и од страстите со правило на покајание. “
Свети Силуан Атонски