“Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка,
кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен.

Вие сте во Христовата Црква кога се молите:

„Господи, помилуј ме!“

Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи,

кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства.

Вие сте во Христовата Црква кога се молите:

„Господи, прости му!“

Кога чесно се трудите во работата и дома се враќате изморени, но насмеани;
кога за злото враќате со љубов – вие сте во Христовата Црква…

– Отец Георги Калчу

Претходна статијаПЕДЕСЕТНИЦА – ЛИТУРГИЈА И НАДВОР ОД ЛИТУРГИЈАТА!
Следна статијаА ти, не посакувајќи го она што е туѓо!