КОЈ ЌЕ ГО НАРЕЧЕ БРАТА СИ БУДАЛА … (Златоуст)
„Иако, пред сѐ, треба да зборуваме за намерата Божја, која се пројавува во покајанието, нема да се поведеме по своите мисли, туку ќе ја изнесеме вистината онака како што е посведочена во Светото Писмо.
Кога милостивиот Бог долго го трпи грешникот, тогаш има двострука спасоносна намера т.е. промислува за неговото спасение по пат на покајание и на неговото потомство (децата, внуците…), коешто ќе расте во добродетели, им подготвува благочестивост.
Бог долго трпи за да се покае оној кој греши, а на оние коишто после него ќе се родат да не им биде ускратено спасението.
Па, иако оној кој згрешил не сака да се покае, Бог и тогаш го чува коренот за да ги сочува неговите идни плодови.
Покрај тоа го исправува и самиот корен, како што порано кажав, па кога грешникот ќе западне и во крајна злоба, Бог повторно заради неговата полза одлага да го казни очекувајќи спасение на другите коишто ќе се покајат…
„А што им зборува на оние кои се праведни?
А оној што ќе го нарече брата си „будала“, ќе биде виновен за во пеколот (Матej 5, 22).
Поради еден збор покажува толкава строгост, а наспроти толкавите гревови раздава толкава обилна милост.
Погледни, те молам, уште нешто што е достојно за восхитување.
Бидејќи гревовите како и другите долгови се запишуваат, така и на оние грешници кои се каат, им се простува и тоа што некогаш им е дадено. А од праведникот се бара и камата…
…Читаме во Евангелието, Му пристапил должник кој Му должел многу таланти, и бидејќи за ова со големо покајание и многу молби Го молел и велел:
Господаре, почекај ме, и сѐ ќе ти вратам (Матеј 18, 26), милостивиот Господ не барал од него никаков надомест, но му го прифатил неговото признание наместо долгот.
На должникот, значи, кој должел десет илјади таланти, му ја простил дури и лавницата, додека на праведникот и камата му побарал.
Па зошто, се вели, не го даде моето сребро на трговците, та кога ќе се вратам, да го добијам со интерес?“ (Лука 19, 23).
Ова не ви го велам за да ве убедам дека на праведниците им е непријател, бидејќи ништо не му е помило на Бог од праведен човек, но како што и претходно реков, Бог грешникот го теши, за да го подигне, а праведникот го плаши за да го зацврсти.
И на грешните и на гордите, кои се како непријатели, многуте гревови им ги простува, а на праведните и за најмалку им замерува, бидејќи сака да немаат во своето совршенство ниеден недостаток.“