Материјалното сонце греејќи ја земната градина, само ја исушува со топлината на своите зраци влагата на земјата, а не ги храни и не ги унапредува растенијата и семињата; а духовното сонце грее во душата и ги пројавува истите дејствувања:

ја исушува влагата на страстите, очистувајќи ги нечистотијата и смрдеата кои произлегуваат од нив, а на духовната земја и дава подобрување со тоа што и ја дава божествената благодат со кои се прехранува и наситува и постепено на неа, малку по малку, напредуваат сите добродетели.

Материјалното сонце кога ќе изгрее, го осветлува , материјалниот свет и се ` што е во него: луѓето, животните, растенијата и се` друго што е во светот; над сето тоа еднакво ја просипува својата светлина; царува напладне, а потоа заоѓа и ги остава во темнина сите места над кои греело и светело.

А, духовното сонце, такво изгреало, секогаш грее, секогаш свети, става се` во се`, а истовремено се одделува од своите твари и неодделно, одделно живее од нив, зашто е се` во се`, и никаде не е само во своите твори, така што да не биде и во други места.

Тоа е целото во се` што е видливо и невидливо, целото е секаде присутно и никаде не е целото исклучително.

Христос е почеток, средината и крајот.

Он е и во првите и во вторите – во средните и во последните, како што е во првите, така е и во последните.

За Него, нема разлика меѓу нив.

За него „нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте , едно во Христа Исуса“.

(Гал. 3, 28).

Извадок од ДОБРОТОЉУБИЕ (том V)

Подготви: Мина Даниловска

Претходна статијаСуеверието е појава во отсуство на вистинска вера….
Следна статијаКОЈ ЌЕ ГО НАРЕЧЕ БРАТА СИ БУДАЛА… (Свети Јован Златоуст)