СУЕВЕРИЕ – ВЕНЧАВКАТА ВО НОЕМВРИ ЌЕ ДОНЕСЕ УЖИВАЊЕ?

Коментар: Суеверието е појава во отсуство на вистинска вера.

Сите суеверни правила, кои сами по себе се бесмислени и бесцелни, не можат да донесат никаква „среќа“ во животот, затоа што среќата (доаѓа од зборот „сретение“, што означува средба со Бога) може да биде целосно стекната само во Христа.

Разни обичаи и суеверија постојат поради верувањето дека ќе и’ донесат среќа и радост на брачната двојка

Постојат разни обичаи и суеверија поврзани со венчавките. На пример, обичајот дека младоженецот не смее да ја види својата невеста во венчаница е познат низ целиот свет.

Постојат многу обичаи од регионален карактер или дури постојат во семејството со генерации. Тие постојат заради верувањето дека ќе донесат среќа и радост на брачната двојка во време кога нивните животи се менуваат.

Нешто старо претставува предмет што двојката би го добила од стар пријател. По обичај, тоа било стара подврска, која невестата би ја добила од среќно омажена жена со надеж дека среќата и стабилноста од нејзиниот брачен живот ќе се пренесе и на новата невеста.  (Суеверие)

Нешто ново се нови авантури кои брачната двојка ќе ги има во среќна иднина. Нешто позајмено обично е предмет од помладите во семејството, многу важен за нив. Невестата мора да го врати тој предмет за да си осигура среќа. Тоа е симбол на љубовта и поддршката од страна на семејството и пријателите.  (Суеверие)

Нешто сино датира од стар Израел, каде што невестата носела сина лента во косата, што претставува љубов и верност. Сребрената паричка во чевелот би требало да обезбеди богатство во животот на двојката. (Суеверие)

Звукот на црковните камбани на крајот на церемонијата претставува радосна јавна објава за склучениот брак. Поимот меден месец доаѓа од англиската традиција каде што се пиело вино со мед цел месец по венчавката.

Се верувало дека тоа на двојката и’ носи поголеми шанси да добие син. Во Шкотска, популарен обичај бил невестата да „шета со сонцето“. Се верувало дека тоа ќе и’ донесе среќа во животот.

Таа одела од источната до западната страна на јужната страна од црквата, а потоа правела три кругови околу црквата. Ирска традиција е да се стави лаванда во бидермаерот, за да донесе среќа и исполнување на сите желби. Во Америка, се користат свеќи како симбол на нови почетоци и спојување на две семејства.  (Суеверие)

 

ЗАПРОСУВАЊЕ

Во минатото, кога запросувањето било многу повеќе од формална процедура, младоженецот би испратил својот пријател или член на семејството да го претстави кај невестата и нејзиното семејство.

Ако во текот на нивниот пат виделе бремена жена, слеп човек или монах, се сметало дека бракот е осуден на пропаст и дека тоа се лоши знаци. Меѓутоа, гулаб, коза и волк биле добри знаци и ако ги виделе во текот на нивниот пат, се верувало дека ќе имаат среќен брак.  (Суеверие)

ПРЕЗИМИЊА

Се сметало дека е несреќа ако жената се омажи за човек чие презиме почнува со иста буква како и нејзиното (Да се смени името а не буквата значи менување на полошо а не на подобро). Невестата не вежбала да го пишува своето име пред венчавка. Тоа се сметало за несреќа поради предизвикување на судбината. (Суеверие)

ИЗБИРАЊЕ ДАТУМ И МЕСЕЦ ЗА ВЕНЧАВКАТА

Иако денес повеќето венчавки се случуваат во сабота, во минатото тој ден се поврзувал за несреќа, како и петок, особено 13-ти. Постои песна според која венчавката се планирала во првата половина од неделата:

(Суеверие)

Понеделник за богатство

Вторник за здравје

Среда најдобра од сите

Четврток за загуби

Петок за крстови

Сабота најлоша од сите

Како за деновите

во недела, така и за месеците во годината:

lВенчај се кога годината е нова, тој ќе биде вљубен, добар и искрен

lКога се соединуваат февруарските птици, не се венчавај туку плаши се за својата судбина

lАко се венчаш кога дува мартовскиот ветер, уживање и солзи, ќе ги имаш и двете

lВенчај се во април кога можеш, уживање за неа, уживање за него

lВенчај се во месец мај и сигурно ќе го уништиш денот

lВенчај се кога растат јунските рози, ќе посетиш копна и мориња

lОние двајца што ќе се венчаат во јули, ќе мора да работат за леб секојдневно

lКој ќе се венча во август, ќе помине низ големи промени во животот

lВенчај се во септември во црква и животот ќе ти биде богат и добар

lАко се венчаш во октомври, љубовта ќе расте, но богатството ќе опадне

lАко се венчаш во темниот ноември, уживањето ќе дојде, запамети

lКога декемврискиот снег ќе падне брзо, венчај се и искрената љубов ќе трае

ЧЕИЗ

До половината на минатиот век, девојките без чеиз тешко се мажеле. Чеизот бил се што невестата, како еден вид наследство, донела од родителската куќа во заедничкиот дом.

За почетокот на животот во брачна заедница, родителите на своите ќерки им подарувале пари, тапии од имоти, ниви, шуми, ливади, куќи, скап мебел…

Стиховите „не е слатко ни сребро ни злато“ ги смислиле за утеха оние кои немале чеиз. Дел од чеизот девојката сама го подготвувала, и тој дел е познат како моминска подготовка.

Постелнина, покривки за маса, крпи, јоргани, ноќни кошули – биле доказ што и како девојката умее да работи, колку е вешта, вредна и вична за рачна изработка.

Денес, иако јавно не се нарекува така, чеизот што девојката го внесува во заедничкиот живот може да се распореди во три групи:

завршен факултет (а при крај се и магистерските студии), активно знаење на барем два светски јазици, кариера во подем, добра подлога за земање станбен кредит, лична библиотека (трговците тоа би го нарекле 10 метри книги);

Долги нозе, вградени силикони,

пирсинг во папокот,

вештачки нокти,

фонотека на новокомпонирана музика;

скапи тенџериња, машина за миење садови, „Голем народен готвач“ (се пренесува од колено на колено), машина за правење на домашни тестенини (made in Унгарија) и, секако, тефлонска тава за палачинки.

Според светецот и тропарот, или во превод – каков младоженец таков чеиз.

Најдобриот чеиз што родителите можат да и’ го обезбедат на својата ќерка, чеиз со кој може повеќекратно да профитира, е убаво воспитување!

Овој вид чеиз е универзална вредност и не подлежи на влијанието на времето и просторот. Или барем така би требало да биде.

Преземено

Претходна статијаСамољубието и гордоста ним им ги заслепуваат очите!
Следна статијаДУХОВНОТО СОНЦЕ! (Преподобен Симеон Нов Богослов)