Старецот раскажуваше:
„Еднаш кај мене беа дошле двајца католици.
Едниот беше возрасен и образован, можеби секретар во Ватикан или новинар, не знам точно, а и не сакав да покажам особено интересирање.
И така едниот ми рече:
‘Ајде да го прочитаме Оче наш’.
Јас реков: ‘За да го прочитаме заедно Оче наш, треба да се согласиме во догмите.
Mеѓу нас и вас има голема провалија’.
На тоа тој ме праша:
‘Зарем само православните се блиску до Бога и само тие се спасуваат? Бог е ист за целиот свет!’
‘Да – велам jac – но, меѓу нас има разлики.
Ние по природа сме чеда на ист Отец, но некои од нас се наоѓаат во домот, а некои надвор од него”.
Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја – Поуки на светогорскиот старец Пајсиј
Подготви Мина