Се сеќавам на еден философ кој дошол при друг философ. И тој имал многу надарена жена и започнал да кажува:
-Господине, јас имам многу убава жена!
Другиот, пак, бил на масата, co молив и хартија во раката, и напишал една нула.
-Мојата жена е од голем род: татко и’ бил министер.
Другиот напишал уште една нула.
-Мојата жена е здрава како дрен, ниту била болна, ниту е болна.
Другиот напишал уште едан нула.
-Мојата жена е многу учена.
Другиот напишал уште една нула.
-Мојата жена умее да работи домаќински работи, да подготвува различни колачи, јадења за големи гозби.
Другиот напишал уште една нула.
-Мојата жена умее да везе уметнички везови, таа везе цвеќиња, плете, шие. Ете колку таленти има мојата жена!
Другиот напишал уште една нула.
Најпосле додал:
-Mojaтa жена има страв Божји и побожна е!
Другиот ставил напред единица, a беше ставил шест нули. Бројката еден по која следат шест нули прават еден милион. И му рекол:
-Еве, сега ja проценив вредноста на твојата жена.
He тогаш кога рече дека е убава и учена и здрава, и дека умее сешто да работи.
Бидејќи ако и’ недостасува страв Божји, сѐ кај неа би било еднакво на нула, ништо!
Исто се случува и co мажот, како и co таа жена и co било кој човек.
Може да ги има сите таленти, може да ги познава сите занаети на светот, може да ги знае сите светски науки, ако му недостасува страв Божји, му недостасува училиште на мудроста и таквиот човек не е за ништо.
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа
Пренесе: Мина Даниловска