…И денес, по Воскресението Господово човекот го бара истото кога не оди по Него.
Тој и денес со гревот свој му подига споменици на ѓаволот, создава разни идоли, лажни богови и ним им се поклонува.
Колкумина денес им се поклонуваат на лажни богови?
Колкумина денес се бесчувствителни кон Воскресението Господово?
А луѓето, луѓето во лагите на културите.
…Идолиште, страшно идолиште полно со лажни богови,
полно со лажни философи, лажни мудреци,
лажни научници, лажни законици,
лажни цареви и кралеви, лажни диктатори,
лажни мачители, тирани.
Сето тоа без Христос и против Христос – и не може да стане на друг начин!
Не може да стане на друг начин!
Луѓето постојано му подигаат споменици на ѓаволот, луѓето постојано живеат меѓу лажни богови кога не веруваат во Воскреснатиот Господ Исус.
Овој свет без Господ Христос – што е?
Смртиште! Мртовечница!
Огромна гробница!
И во неа го ставиле човекот, леш до леш, мртовец до мртовец, смрдливец до смрдливец.
Тоа е свет без Господ Христос!
А со Него, со Спасителот овој свет станува воскресилиште, станува расадник на бесмртноста.
Овој свет станува миомирисна пролет на Вечноста.
Тоа учинило Воскресението Господово.“
Преподобен Јустин Поповиќ